Веб хостинг во клауд
Веб хостинг на системи од премиум класа со disaster recovery заштита



Моќни
сервери


Дедицирана
ИП адреса


Конекција од
висока класа


Disaster
recovery


Бекапи на
безбедно


SSL
сертификат

Што е Клауд веб хостинг? 
Клауд веб хостинг претставува веб хостинг услуга која работи на инфраструктура изградена врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот веб хостинг.

Овој продукт обезбедува споделуван веб хостинг на клауд сервери со многу висока достапност, напредни функции за враќање и заштита на податоци, серверска инфраструктура од висока класа, провајдерско ниво на Интернет поврзаност и повеќе!

Изградена со технологија подготвена за иднината, Клауд Платформата е спремна да поддржи веб страни од следната генерација, правејќи ја идеална платформа за раст на вашето онлајн присуство. Прочитајте повеќе
 
Пакети и цени 
Веб смарт пакети
Веб смарт пакетите нудат моќни веб хостинг сервиси, но не вклучуваат email сметки. Со елиминирање на трошоците за оперирање на mail сервер, можеме да алоцираме повеќе ресурси за веб функционалности, овозможувајќи ви да добиете најдобра вредност за вашите пари.
Идеални за клиенти кои целат на максимизација на перформансите на веб сервисите, така што кај нас ќе платат само за веб сервер функционалностите, a ќе корисат бесплатни или комерцијални email сметки од друг провајдер (пр. Google/Gmail или Microsoft/Outlook).
ПакетПросторДомениСерверска
локација
Месечен надомест (без ДДВ 18%)
за наплата на 3 год
 
Веб смарт 15 GB NVMe1Македонија€ 1.9
Веб смарт 515 GB NVMe5Македонија€ 3
Веб смарт 1030 GB NVMe10Македонија€ 5
Веб смарт 2050 GB NVMe20Македонија€ 8
Нарачај Клауд веб хостинг
  Назад кон листа на пакети
 
Сите карактеристики
Веб смарт пакети
Карактеристика Веб смарт 1 Веб смарт 5 Веб смарт 10 Веб смарт 20
cPanel™ администрација
Емаил сметки
Дедицирана IP адреса + €2/месец
Бази (MySQL/PostgreSQL) 5 10 20 40
FTP/FTPS сметки Неограничено
Алатки за девелопери PHP 5.5/5.6/7.x,8.x, Perl, Python, custom CGI scripts
ССЛ сертификат со автоматизација
Бесплатна миграција доколку технологиите се компатибилни
 
Предности на Interspace веб хостингот 
Сите наши веб хостинг пакети базираат исклучиво на врвни хардверски системи, дизајнирани да опслужуваат апликации од критична важност за бизнисот. Инфраструктурата на сервери вклучува процесори од новата AMD EPYC генерација, ултра брзи NVMe дискови и ECC Registered меморија за безпрекорна стабилност.

Хостирани во нашите премиум дата центри, нашите веб сервери обезбедуваат континуирано функционирање и безбедност за вашите апликации. Прочитај повеќе
Интернет пристапот во Interspace Клауд базира на нашата телеком мрежа од провајдерско ниво, со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност.

Interspace е телеком провајдер од прва класа, кој оперира со сопствен автономен систем во глобалната BGP мрежа и поседува опсежна фибер оптичка мрежа која се простира на повеќе од 3000 км. Нашата инфраструктура вклучува директни конекции со водечките глобални tier 1 мрежи и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме врски од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери. Прочитајте повеќе
Репликација претставува процес на постојано креирање идентичен standby веб сервер (наречен реплика) од примарниот веб сервер во друг дата центар оддалечен најмалку 100 км. Таа е активирана за сите веб сервери, односно сите веб страни. Вие немате потреба да правите било какви конфигурации или редовно активности за оддржување на репликацијата, Interspace клауд платформата автоматски ги извршува сите комплексни операции во позадина.

Во случај на катастрофален инцидент во примарниот дата центар, репликата може се стартува и продолжува да работи од disaster recovery дата центарот, без да има потреба од подготовка на нови веб сервери и сродна инфраструктура, како и ресторирање од резервни копии. Прочитајте повеќе
Автоматски резервни копии претставуваат целосни копии на веб хостинг сметката, вклучувајќи ги сите фајлови, податочни бази и пораки, кои се прават еднаш во денот, од понеделник до петок. Постојано ги чуваме последните 5 копии. Сметката може да се поврати со некоја од зачуваните копии со еден клик.

Во веб хостингот на Interspace, резервните копии не се чуваат во рамки на истиот дата центар, туку во дата центар оддалечен најмалку 100 км. За дополнителна заштита, копиите се чуваат на RAID дуплициран простор. Прочитајте повеќе
Во нашите веб хостинг пакети, автоматски ќе биде набавен и инсталиран domain-validated ССЛ сертификат за вашите домени, без дополнителни надоместоци. Кога сертификатот ќе истече, нов сертификат автоматски ќе биде набавен и инсталиран, повторно без дополнителни надоместоци.

ССЛ сертификатот го опфаќа примарниот домен како и add-on i под-домените. Преку оваа опција, нема веќе да плаќате за сертификат и да мозгате како правилно да се инсталира/обнови истиот со цел да ги заштите вашите веб страни со ССЛ енкриптирана комуникација. Прочитајте повеќе
Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
 
 

Инфраструктура на Дата Центри
Примарните дата центри на Interspace се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.

Каратеристики на дата центрите

  • Електричен систем
    Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
  • Систем за ладење
    Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
  • Заштита од пожар
    Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
  • Заштита од протекување и влага
    Автоматизиран систем за детекција протекување течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
  • Физичка заштита
    24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
  • Мрежна и кабелска инфраструктура
    Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
  • Про-активен мониторинг
    Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.

Пасија за најдобро

Највисока класа

Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

Најдобри цени

Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

Корисниците во преден план

Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

Водечки модел за SLA

SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

24/7/365

Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.

 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам