Карактеристики на нашата мрежа
Компании, провајдери и јавни институции дадоа доверба на нашата мрежа од следна генерација


КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАШАТА МРЕЖА ОД ВРВЕН КВАЛИТЕТ

Перформанси на мрежа и редундантност

Нашата мрежа во Македонија е поврзана со остатокот од светот преку конекции до повеќе глобални и регионални tier1/tier2 телекомски оператори, воспоставени преку заштитени и географски независни оптички патеки. Мрежата во Македонија се карактеризира со високо редунантна топологија. Секоја мини централа која ја имаме во земјата е заштитена со географски независни линии до главната централа. Мини централите се стратешки поставени да бидат што поблиску до корисничкиот сегмент за да се обезбеди нај висок процент на достапност. Целата мрежна архитектура е дизајнирана да осигура максимален проток на пакетите, ниска латенција и повеќе степена редундантност за највисоко ниво на услуга.

Активна мрежа - инсталација и одржување

Секоја линија се сертифицира со интернационален стандарден тест RFC2544 наменет за верификација на Етернет врска. Вршиме 24/7 постојан проактивен мониторинг на корисничкиот и централниот дел на нашата мрежа, вклучувајќи непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. Користиме напреден мониторинг софтвер целосно развиен од наш интерен тим за програмирање, кој се користи од неколку глобални телеком провајдери.

Активна мрежа - капацитет

Јадрото на нашата мрежа има терабитен капацитет за свичинг и проток. Секоја корисничка порта има дедициран/загарантиран капацитет бидејќи секој L2/L3 мрежен уред дел од нашата мрежа обезбедува неблокирачка технологија за проследување на податочни пакети - може да процесира максимален проток на сите големини на фрејмови (64-1518) на сите порти едновремено. Капацитетот на уредите е верификуван во извештаи од реномираните глобалните куѓи за тестирање Tolly и Miercom.

Пасивна оптичка мрежа - инсталација и одржување

Секоја една оптичка спојка се изведува со метод на фузија и детално се верифицира со ОТДР. Други провајдери често користат механички спојки (наместо фузија) и не го верификуваат линкот со ОТДР, што доведува до послаб кавлитет на оптичкиот сигнал и пократок рок за појавување дефект. Нашите тимови кои се активни 24/7 вршат секојдневни превентивни испитувања на оптичката инфраструктура.

Паивна оптичка мрежа - капацитет

Се користи дедицирана оптика точка-до-точка до секој корисник, наместо технологија за делба на оптички влакна која ја користат некои други провајдери. Ова овозможува непрекинато и супербрзо течење на оптичките сигнали.

Целосна контрола врз мрежата

Оперираме со голема оптичка мрежа во наша сопственост. Не користиме надворешни под-изведувачи. Имаме наши тимови и опрема за извршување на изградба, функционирање и одржување на пасивниот и активниот дел од мрежата, што ни овозможува да делуваме брзо во насока на осигурување на достапноста и гарантираното ниво на услуга.

Технологија водена од искусни и посветени експерти

Одговорните на тимовите кои се задолжени за функционирање, одржување и надградба на мрежата имаат 20 годишно, а некои и 30 годишно искуство во телекомската дејност. Повеќето од вработените имаат инженерски сертификати во соодветното поле на експертиза. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.

ПРЕПОРАКИ

  • Cosmic Development, Канада

    Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата. Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка! Anthony Naumoff, генерален директор

  • Causeway Connect, Англија

    Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг. Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга. David Jones, директор

  • Hi-Tech Corp., Македонија

    Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери. Јован Спасиќ, технички директор

  • Нептун, Македонија

    Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел. Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет. Горан Казаковски, раководител на ИТ

  • Nexeon Technologies, САД

    Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици. Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа. Charles Wood, директор

  • New Moment, Македонија

    New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија. Јовица Живковиќ, технички директор

  • ВОРТЕКС ЕД, Македонија

    ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност. Владимир Стоименов, управител

  • ЈСП, Македонија

    Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз. Ненад Кузмановски, директор на ИТ

  •  Повеќе



Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам