Дедициран Интернет пристап
Интернет од највисока класа со супериорен проток и стабилност



Симетрична
брзина


Неограничен
трансфер


SLA
99.9%


Статичка
IP


Точка-до-точка
оптички линк


Бесплатна
проба

Дедицирани пакети

Симетрична
брзина
Месечен
трансфер
Цена
100/100 Mbps Неограничен
200/200 Mbps Неограничен
500/500 Mbps Неограничен
1/1 Gbps Неограничен
5/5 Gbps Неограничен
10/10 Gbps Неограничен
40/40 Gbps Неограничен
100/100 Gbps Неограничен
* Можеме да обезбедиме и други брзини согласно барањата на клиентот.

Наши предности

Нашиот врховен фокус е да обезбедиме Интернет од највисока класа за професионални бизниси кои имаат потреба од брз и стабилен Интернет. Сите пакети нудат супериорна оптичка линија, симетричен download и upload, неограничен месечен сообраќај, SLA договор и статичка ИП за непрекината конекција. Услугата се доставува исклучиво преку точка-до-точка оптика која осигурува супер брз проток во споредба со технологијата за делба на оптички влакна.

Интернет пристапот базира на нашата телеком мрежа од провајдерско ниво, со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Нашата Интернет услуга е во рангот на највисока класа на Интернет и не е во ранг со класичните пакети за оптички Интернет.

Interspace е телеком провајдер од прва класа, кој оперира со сопствен автономен систем во глобалната BGP мрежа и поседува опсежна фибер оптичка мрежа која се простира на повеќе од 3000 км. Нашата инфраструктура вклучува директни конекции со водечките глобални tier 1 мрежи и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме врски од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери.

Конекции со глобални провајдери

Директните конекциите со глобални провајдери овозможуваат мрежата на Interspace да влезе директно во јадрото на Интернетот преку само еден провајдерски рутер. Ги истакнуваме директните врски со tier 1 првоајдерите Lumen и Arelion кои се на првите две места. Глобалниот ранг е базиран на CAIDA AS Rank.

Lumen Technologies (поранешен Level 3)
Број 1 во глобалниот ранг. Интерконекција преку 2 гео независни патеки.
Arelion (поранешен Telia Carrier)
Број 2 во глобалниот ранг. Интерконекција преку 2 гео независни патеки.
Hurricane Electric
Водечки глобален провајдер. Интерконекција преку 2 гео независни патеки.
RETN
Воспоставен глобален провајдер со квалитетни рути до EMEA/APAC.

Конекции со регионални и локални провајдери

Директните конекции со регионални и локални провајдери обезбедуваат супериорен проток и ниска латенција помеѓу корисниците на Interspace и корисниците на овие провајдери, бидејќи сообраќајот се рутира директно меѓу нашите мрежи по најкратката можна патека, наместо преку глобални провајдери.

Swisscom
Реномиран провајдер во Западна Европа со седиште во Швајцарија.
Telekom Slovenije
Воспоставен провајдер во Југоисточна Европа.
A1
Реномиран провајдер во Европа со присуство и во Македонија.
Deutsche Telekom / Македонски телеком
Реномиран провајдер во Европа со присуство и во Македонија.

Конекции со клучни глобални сервиси

Имаме директни конекции со воспоставени провајдери на специјализирани сервиси, преку кои се овозможува подобро искуство кога се користат нивните апликации и ресурси.

Cloudflare
Ја зголемува безбедноста и перформансите на веб страните.
Google
Директен пристап до голема инфраструктура за сервиси и ресурси на Google.
Amazon
Овозможува беспрекорна порвзаност за сервисите на Amazon.
Facebook
Го подобрува протокот на податоци за содржини од екосистемот на Facebook.

Конекции со Интернет Менувачници

Разменуваме сообраќај со голем број на телеком и хостинг провајдери преку Интернет Менувачници (центри за размена на сообраќај), што допринесува за висок квалитет на проток и пониска латенција, бидејќи сообраќајот се рутира директно помеѓу нашите мрежи, наместо преку глобални провајдери.

AMS-IX
Една од најголемите Интернет Менувачници во Западна Европа со седиште во Амстердам.
BIX
Една од најголемите Интернет Менувачници на Балканот.
DATA-IX
Една од најголемите Интернет Менувачници во Источна и Централна Европа.
IXP.MK
Македонска Интернет менувачница.

Оптичка мрежа

Поседуваме сопствена регионална мрежа која функционира во редундантна топологија, со два поголеми прстени на релација Македонија - Бугарија - Србија - Словенија - Хрватска - Босна - Црна Гора - Косово - Македонија и Македонија - Грција - Бугарија - Македонија. Имаме три поголеми точки со рутирачка опрема надвор од Македонија во дата центри во Белград, Софија и Атина. Преку оваа мрежа се поврзуваме со провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Поврзувањето е преку повеќе гео независни супер брзи линкови кои базираат на DWDM технологија која овозможува најниска латенција и највисок квалитет за проток.

Јадрото на нашата мрежа има терабитен капацитет за свичинг и проток. Секоја корисничка порта има загарантиран капацитет бидејќи секој L2/L3 уред дел од нашата мрежа (моделите се верификувани од Tolly и Miercom тестови) обезбедува неблокирачка технологија за проследување на пакети, што значи дека можат да процесираат максимален проток на сите големини на фрејмови (64-1518) на сите порти едновремено.

Оперираме со голема оптичка мрежа во наша сопственост. Имаме наши тимови и опрема за изведба, функционирање и одржување на пасивниот и активниот дел од мрежата, што ни овозможува да делуваме брзо за осигурување на гарантираното ниво на достапност.

Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР и RFC2544 Етернет тестер. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо технологија за делба на оптички влакна.

Вршиме постојан 24/7 проактивен мониторинг на корисничкиот и централниот дел на нашата мрежа, вклучувајќи непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. Користиме напреден мониторинг софтвер целосно развиен од наш интерен тим за програмирање, кој редовно се надоградува за да го пресретне напредокот во ИКТ индустријата.

Повеќето од вработените имаат инженерски сертификати во соодветното поле на експертиза. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.

Највисоки стандарди

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.





УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ @БАНКИ

Банките рапидно се трансформираат во е-комуникациски спремни компании. Нашите решенија овозможуваат забрзување на трансформацијата преку обезбедување доверлив и економичен транспорт на податоци. Решенијата се базираат на нашата метро етернет мрежа со терабитен капацитет и редундантна архитектура која нуди највисок процент на достапност на услугата.
  • Народна банка на Р. Македонија

    Interspace помина строги услови и тестови за валидација од НБРМ. Обезбедуваме две Интернет конекции од висока класа, подржани со врвна SLA гаранција и зајакнат проактивен мониторинг за безпрекорни секојдневни операции на банката.

  • ТТК Банка

    Interspace обезбедува приватна конекција помеѓу различни филијали на банката.

  • Комерцијална Банка АД

    Interspace обезбедува Интернет од висока класа и приватна конекција помеѓу различни филијали на банката.

  • Клириншка куќа КИБС АД

    Interspace обезбедува редундантен Интернет пристап од високо ниво со BGP пиринг за Клириншка куќа КИБС АД Скопје, која врши дејност на оператор на платен систем за мали меѓубанкарски плаќања.

  •   Сите успешни приказни за банки

    УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ @СОФТВЕР

    Со вистинска комуникациска инфраструктура, компаниите за развој на софтвер можат драстично да го намалат времето потребно за колаборација при изработка на апликација и дистрибуција на истата на пазарот. Конекција со голем проток ги забрзува податочните текови помеѓу инженерските тимови распрснати низ планетата, резултирајќи во потврдена ефикасност од 30% до 40%.

    ПАСИЈА ДА СЕ РАБОТИ НАЈДОБРО

    • Највисока класа

      Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

    • Најдобри цени

      Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

    • Корисниците во преден план

      Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

    • Водечки модел за SLA

      SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

    • 24/7/365

      Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.



    Препораки за комуникациски услуги 
    Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата.

    Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка!
    Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг.

    Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга.
    Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици.

    Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа.
    Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност.

    Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.
    New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби.

    Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.
    Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел.

    Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет.
    ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.
     


    Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам