Веб хостинг - полу дедициран
Веб хостинг на сервери од професионална класа и дедицирана ИП адреса


ВЕБ

10 GB ПРОСТОР
5000 GB ТРАНСФЕР
5 ДОМЕНИ
ДЕДИЦИРАНА ИП
EMAIL СМЕТКИ
ССЛ СЕРТИФИКАТ

2 490 ден
Годишен надомест

Миграција

Бесплатна миграција доколку технологиите се компатибилни

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

ПРО

15 GB ПРОСТОР
5000 GB ТРАНСФЕР
5 ДОМЕНИ
ДЕДИЦИРАНА ИП
EMAIL СМЕТКИ
ССЛ СЕРТИФИКАТ

5 290 ден
Годишен надомест

Миграција

Бесплатна миграција доколку технологиите се компатибилни

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

БИЗНИС

25 GB ПРОСТОР
10000 GB ТРАНСФЕР
10 ДОМЕНИ
ДЕДИЦИРАНА ИП
EMAIL СМЕТКИ
ССЛ СЕРТИФИКАТ

7 280 ден
Годишен надомест

Миграција

Бесплатна миграција доколку технологиите се компатибилни

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

КОРПОРАЦИЈА

50 GB ПРОСТОР
НЕОГРАНИЧЕН ТРАНСФЕР
20 ДОМЕНИ
ДЕДИЦИРАНА ИП
EMAIL СМЕТКИ
ССЛ СЕРТИФИКАТ

11 723 ден
Годишен надомест

Миграција

Бесплатна миграција доколку технологиите се компатибилни

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

Note: Во цените не е вклучен ДДВ 18% кој ќе биде додаден при фактурирање.


Сите карактеристики

Спецификација ВЕБ ПРО БИЗНИС КОРПОРАЦИЈА
Избор на серверска локација Германија
Македонија
Германија
Македонија
Германија
Македонија
Германија
Македонија
Дисковен простор 10 GB 15 GB 25 GB 50 GB
Месечен трансфер 5000 GB 5000 GB 10000 GB Неограничен
Домени 5 5 10 20
cPanel™ администрација
Емаил сметки POP3/IMAP/SMTP/Webmail
(вклучена ССЛ енкрипција и SpamAssassin SPAM заштита)
100 300 Неограничено
Дедицирана IP адреса 1 900 ден/годишно
Бази (MySQL/PostgreSQL) 5 10 20 Неограничено
FTP/FTPS сметки Неограничено Неограничено Неограничено Неограничено
Алатки за девелопери PHP 5.5/5.6/7.x, Perl, Python, custom CGI scripts PHP 5.5/5.6/7.x, Perl, Python, custom CGI scripts PHP 5.5/5.6/7.x, Perl, Python, custom CGI scripts PHP 5.5/5.6/7.x, Perl, Python, custom CGI scripts
ССЛ сертификат со автоматизација



СПЕЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Дедицирана ИП адреса

    Во пакетите за заеднички веб хостинг повеќе различни компании/претплатници користат ист сервер и ИП адреса. Како тоа Ве афектира и вас? Кога друг корисник на истиот сервер праќа несоодветни маркетинг или вознемирувачки пораки, дестинацискиот mail сервер може да ја додаде ИП адресата на испраќачот во глобална црна листа. Како последица, Вашите пораки нема да бидат прифатени од mail серверите кои ја користат истата црна листа за филтрирање на СПАМ пораки.

    Големите компании го надминуваат овој проблем со поставување на mail серверите на независни сервери (ВПС или дедицирани машини) кои користат дедицирана ИП адреса. Овие хостинг услуги се околу 10 пати поскапи од услугите за заеднички веб хостинг. Кое би било решението за да Вие останете на евтин хостинг пакет а сепак да користите уникатна ИП адреса за испратените email пораки?

    Ние развивме специјално решение кое Ви овозможува да останете на заеднички сервер но сепак да користите дедицирана ИП адреса за праќање пораки. На ваков начин, Вашата репутација како испраќач (Email Sender Reputation) нема да биде афектирана од другите корисници кои праќаат пораки преку истиот сервер. Исто така, сите веб страни под Вашата сметка ќе ја користат дедицираната ИП адреса, што дополнително ја зголемува репутација на Вашата компанија.

    Искористете ја можноста да настапите во глобалната мрежа како независен Интернет субјект, за само мал дел од трошоците кои се нормално потребни за дедициран систем.

  • Вклучен валиден ССЛ сертификат

    Во нашите веб хостинг пакети кои ја поседуваат оваа опција, автоматски ќе биде набавен и инсталиран 256-битен domain-validated ССЛ сертификат од Comodo за вашиот домен, без дополнителни надоместоци. Кога сертификатот ќе истече, нов сертификат автоматски ќе биде набавен и инсталиран, повторно без дополнителни надоместоци.

    ССЛ сертификатот го опфаќа примарниот домен, вклучувајќи го и неговиот www префикс, но не опфаќа под-домени, wildcard домени и addon домени. Преку оваа опција, нема да има потреба да се грижите за купување на сертификат и мозгање како правилно да се инсталира/обнови истиот со цел да ги заштите вашите приватни веб страни со ССЛ енкриптирана комуникација.

    Забелешка: овој ССЛ сертификат базира на најновата SNI технологија и поради тоа нема да биде препознаен соодветно од многу стари системи. Поконкретно, посетителите кои сеуште користат Windows XP™ можно е да искусат безбедности напомени во врска со сертификатот кога ќе пристапуваат на ССЛ заштитетните страни.

СПЕЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Индустриска класа на технологија

    Не работиме со економичен/евтин хардвер. Нашиот хостинг се базира исклучиво на индустриска класа на опрема (Xeon процесори, enterprise ниво на дискови и ECC RAM) бидејќи претежно опслужуваме системи за операции од критична важност за бизнисот.

    Enterprise/NAS тип на дискови се зајакнати со TLER, заштита од вибрации и други технологии кои обезбедуваат сигурна 24x7 функционалност и високи перформанси, стабилност и долготрајност.

    Error Correcting Code (ECC) е профисонален тип на RAM со многу подобра стабилност и доверливост во однос на регуларниот RAM. Овој тип на RAM е задолжителен за апликации од критична важност на бизнисот, како mail сервер, чување важни податоци, ERP софтвер, комерцијална веб страна, итн.

    Оперативниот систем и пропратните сервиси кои овозможуваат веб хостингот да биде оперативен се под постојан проактивен мониторинг и одржување, што резултира во извонредна стабилност на системите.



ПРЕПОРАКИ

  • Cosmic Development, Канада

    Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата. Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка! Anthony Naumoff, генерален директор

  • Nexeon Technologies, САД

    Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици. Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа. Charles Wood, директор

  • Causeway Connect, Англија

    Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг. Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга. David Jones, директор

  • Hi-Tech Corp., Македонија

    Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери. Јован Спасиќ, технички директор

  • New Moment, Македонија

    New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија. Јовица Живковиќ, технички директор

  • ВОРТЕКС ЕД, Македонија

    ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност. Владимир Стоименов, управител

  • ЈСП, Македонија

    Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз. Ненад Кузмановски, директор на ИТ

  •  Повеќе

ПАСИЈА ДА СЕ РАБОТИ НАЈДОБРО

  • Највисока класа

    Посветени за безпрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

  • Најдобри цени

    Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

  • Корисниците во преден план

    Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

  • Водечки модел за SLA

    SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

  • 24/7/365

    Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.