Клауд оптичка линија
Обединете ги клауд серверите и вашите канцеларии во една приватна мрежа

Услугата Клауд Оптичка Линија ги интегрира ЛАН мрежите на вашите физички канцеларии со вашата Клауд приватна мрежа, користејќи директни кабелски врски до вашите локации преку супер брза фибер оптичка мрежа која функционира независно од Интернетот.

Октако ќе се интегрираат, компјутерите и другите ИТ уреди во вашите канцеларии ќе можат да остварат безбедна директна конекција со загарантирана брзина со вашите виртуелни приватни сервери, дедицирани сервери и други фибер оптички точки.

Примарниот ефект е значително намалување на трошоците преку споделување на дисков простор, IP телефонија и други ИТ ресурси помеѓу повеќе локации.

Достапна во:  МакедонијаСрбијаЦрна ГораБиХХрватскаСловенијаБугарија

Предности

  • Изолираната и дедицирана мрежа за Вашите виртуелни сервери е бесплатна. Сами бирате кои приватни ИП адреси да бидат зададени на серверите.
  • Гарантирана брзина на проток помеѓу далечни локации - многу значајно за апликации кои работат во реално време.
  • Зголемена приватност на комуникацијата бидејќи пакетите не патуваат низ Интернетот, а во рамките на мрежата на Интерспејс се изолирани во Ваша засебна Етернет мрежа.
  • Лесно за одржување и миграција бидејќи не се инволвирани јавни ИП адреси врзани за одреден провајдер.
  • Линиите терминираат на етернет интерфејси, овозможувајќи лесна интеграција со вашите постоечки свичеви и рутери.
  • Етернет како основен протокол, овозможувајќи да проследите Ваши мрежни технологии врз него, како VPN и QoS полиси.

Робусна и редундантна мрежа

Нашата мрежна архитектура е дизајнирана да опслужува системи од критична важност за бизнисот, осигуравајќи максимален проток на пакетите, ниска латенција и повеќе степена редундантност за највисоко ниво на услуга. Мрежата е поврзана со водечките глобални и регионални tier1/tier2 оператори, преку заштитени и географски независни фибер оптички линии.

Локална мрежа

Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Во мрежата се опфатени оптички траси до скоро сите градови и гранични премини во Македонија. Во рамки на градовите имаме најголемо присуство во Скопје каде што се покриени сите населби.

Јадрото на нашата мрежа има терабитен капацитет за свичинг и проток. Секоја корисничка порта има загарантиран капацитет бидејќи секој L2/L3 уред дел од нашата мрежа (моделите се верификувани од Tolly и Miercom тестови) обезбедува неблокирачка технологија за проследување на пакети, што значи дека можат да процесираат максимален проток на сите големини на фрејмови (64-1518) на сите порти едновремено.

Регионална мрежа

На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км. Таа функционира во редундантна топологија со два поголеми прстени на следните релации:

  1. Македонија - Бугарија - Србија - Словенија - Хрватска - Босна - Црна Гора - Косово - Македонија
  2. Македонија - Грција - Бугарија - Македонија

Имаме неколку поголеми централни точки со високо капацитетна рутирачка опрема за телекомуникациски врски, и тоа:

  1. Македонија. Во дата центри на Interspace во Скопје и Деве Баир.
  2. Бугарија. Во независен дата центар од највисока класа.
  3. Србија. Во независен дата центар од највисока класа.
  4. Грција. Во независен дата центар од највисока класа.

Преку оваа мрежа се поврзуваме со провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Поврзувањето е преку повеќе гео независни супер брзи линкови кои базираат на DWDM технологија која овозможува најниска латенција и највисок квалитет за проток.

Глобално присуство

За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има IT инфраструктура во следните региони:

  1. Европа: Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Македонија, Србија, Бугарија, Грција.
  2. Северна Америка: САД, Канада.
  3. Азија/Океанија: Австралија, Јапонија, Сингапур.

Оптичкa инфраструктура од прва класа

Оптичката мрежа на Interspace е дизајнирана според сите релевантни ISO стандарди и изградена според строги процедури, осигурувајќи исполнување на највисоките барања за квалитет. Поседуваме највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура, лиценца А, која потврдува дека сме способни да дизајнираме висококвалитетни оптички мрежи.

Имаме сопствени тимови и опрема за целиот процес на изградба, оперирање и одржување на мрежата. Користиме фузија наместо механичко спојување на влакната, обезбедувајќи долготрајна издржливост и сигурност. Квалитетот на врската се верификува со опсежни OTDR, RFC 2544 и ITU Y.1564 мерења за да се гарантира најдобар пренос.

Вршиме континуирано 24/7 проактивно мониторирање на секој сегмент од инфраструктурата. На основно ниво, резервираме две влакна од секој кабел за следење на општата состојба на кабелот. Мониторираме повеќе компоненти (напојувања, температура, сообраќај итн.) во секој мрежен уред, вклучувајќи постојана проверка на нивото на оптичкиот сигнал на секој кориснички интерфејс. Ова ни овозможува да реагираме брзо и беспрекорно, осигурувајќи SLA гаранција за ниво на квалитет и uptime на врските.

Највисоки стандарди

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
Пасија за најдобро
Највисока класа

Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

Најдобри цени

Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

Корисниците во преден план

Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

Водечки модел за SLA

SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

24/7/365

Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.

Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија и транспорт
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Здравство
Здравствените установи имаат потреба од сигурна врска со висока брзина за поддршка на грижата за пациентите, телемедицината и медицинските истражувања. Interspace задоволува овие потреби со обезбедување на јавни и приватни комуникациски мрежи кои базираат на сигурни и брзи конекции и робусни клауд услуги за безбедно складирање и обработка на податоци. Нашите решенија им помагаат на здравствените институции да ги рационализираат операциите и да ги следат модерните текови во медицината.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатски мисии
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 
Препораки за клауд и хостинг услуги 
Групацијата ОНЕ, вклучувајќи ги институциите ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце, ОНЕ Ауто и ОНЕ Рентал, е бизнис кој се гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Во нашето работење користиме клауд виртуелни сервери за различни апликации кои ги користат нашите вработени и клиенти.

Сите наши виртуелни сервери ги префрливме од Amazon Web Services (AWS) во Interspace. Тоа навистина ни помогна да се справиме со зголемените трошоци предизвикани од потребите за сервери со поголем капацитет. Едноставноста на веб панелот за управување, во комбинација со алатките за заштите на податоците на безбедна далечна (disaster recovery) и исклучителните перформанси на серверите, ни влева сигурност дека нашите бизнис процеси имаат стабилна ИТ инфраструктура.
PrimePoint Partners е водечка консултантска компанија за менаџмент во Западен Балкан, специјализирана за имплементација на програми за економски развојни програми со високо влијание, стратешко советување, бизнис развој и достап до финансии.

Ние ги користиме клауд виртуелните сервери на Interspace за нашиот обемен систем за документација, алатки за соработка и проект менаџмент, како и приватни online состаноци. Исто така, ја користиме клауд метро услугата на Interspace која ни овозможува да ги соединиме нашите канцеларии во Македонија (Скопје, Охрид) и Црна Гора (Подгорица) во една обединета канцелариска мрежа.

Стабилноста на нивните системи ни овозможува сервисите кои ги користиме да се постојано во функција. Нивната технологија за заштита на податоци ни овозможува да активираме disaster recovery како и дневни резервни копии со еден клик.

Нашето искуство со клауд услугите на Interspace е апсолутно позитивно. Interspace поседува високо ниво на професионализам што е од витално значење за сложените процеси кои ги спроведуваме и квалитетот на услуги кој го обезбедуваме на нашите клиенти.
Automotive AI Solutions развива врвна технологија за автопилот, со мисија да постави нови стандарди за безбедност и ефикасност во автомобилската индустрија. Одлучивме да преминеме на HPC Elastic Cloud VPS на Interspace кога нашиот проект бараше доверлив HPC компјутинг со подобрена поддршка за складирање, дизајниран за огромен проток на податоци со ниска латентност. Оваа одлука ни овозможи полесно нагорно скалирање без загуба на перформанси и поефикасно обучување на модели и изведување симулации.

Дополинтелно, Cloud VPN Multisite услугата му овозможува на нашиот тим да остане поврзан со дневен трансфер на податоци и безбеден пристап до ресурсите за компјутинг. Оваа беспрекорна поврзаност значително ги забрза нашите процеси, овозможувајќи ни да иновираме и итерираме за пократко време.

Посветеноста на Interspace кон висока достапност и брза имплементација ни даде самодоверба да ги поместиме границите на она што е можно во светот на автомобилската вештачка интелигенција.
Македонската радио телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис, кој има повеќе од 700 вработени и соработници кои секојдневно работат на производство и емитување на радио и ТВ програми од сите жанрови.

МРТ ја користи клауд и онлајн видео платформата на Interspace за нашите сервиси за прикажување онлајн содржини во живо и on-demand. Клауд решението вклучува сервери што се протегаат на 3 континента, со архитектура за приказ на содржина по најниска латенција врз основа на геолокација на посетителите и автоматска репликација за заштита на податоците.

Стотици илјади видеа, како и 12 ТВ и радио канали, беспрекорно се стримуваат преку клауд сервери на Interspace. Содржините се прикажуваат со највисок квалитет, без разлика од каде се поврзуваат гледачите и каков е квалитетот на нивната Интернет конекција.

Interspace платформата автоматски ги прави сите работи во позадина, вклучувајќи енкодирање во повеќе резолуции и дистрибуција на истата содржината од повеќе сервери, овозможувајќи на нашите сервиси беспрекорно да стримуваат содржина до илјадници истовремени гледачи. Нашите администратори се многу задоволни од тоа колку е платформата едноставна за користење, а сепак обезбедува толку сложени процеси во позадина.
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е највисока национална научно-творечка установа основана во 1967 год. МАНУ има издадено илјадници научни трудови од сите сфери на науката и уметностите.

За потребите за напредна дигитализација и заштита на електронските бази на податоци, во 2017 година МАНУ ја избра клауд платформата на Interspace. До денес остануваме клиенти на Interspace бидејќи имаме само позитивно искуство, особено со стабилноста на системите, неверојатната техничка поддршка и едноставните веб алатки за управување.
Препораки за комуникациски услуги 
Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата.

Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка!
Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг.

Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга.
Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици.

Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа.
Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност.

Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.
New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби.

Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.
Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел.

Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет.
ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.
 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам