За Interspace
Долгорочна доверба и стабилност

Interspace е провајдер на првокласни комуникациски, клауд и хостинг услуги, кои се испорачуваат исклучиво преку системи од највисок квалитет. Нашиот примарен фокус е да следиме строги процедури за да обезбедиме стабилни и доверливи услуги за клиенти насекаде во светот. Со нашите современи технологии и посветени тимови за поддршка имаме докажано искуство во континуирано испорачување на услугите со високо ниво на квалитет.

Искуството во ИКТ дејноста датира од пред Интернет ерата, кога во 1994 година се стартуваше dial-up базирана комуникациска платформа, која на корисниците им овозможуваше пристап и размена на апликации, новости и пораки. Денес, Interspace оперира со глобална cloud инфраструктура со дистрибуирани ИТ системи во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија. Interspace поседува и оперира со оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија и земјите од балканот, која се одликува со целосно редундантна архитектура и рутирачка опрема од последна генерација со терабитен капацитет.

Клиенти

Имаме изобилство на успешни приказни и долгорочни партнерства со водечки локални и глобални компании од приватниот и јавниот сектор. Компании од различни индустрии и различна големина известуваат за зголемена ефикасност и минимизирани прекини во деловниот континуитет благодарение на нашите комуникациски, клауд и хостинг услуги. Ве молиме посетете ја страната за Клиенти и препораки за повеќе детали.

Мрежа

Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Мрежата се протега до речиси сите градови и гранични премини. Најголема покриеност имаме во Скопје каде што се опфатени сите населби.

На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км, која поминува низ Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово. Преку оваа мрежа се поврзуваме со глобалните провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Врските се редундантни и опфаќаат повеќе гео независни супер брзи DWDM линии кои обезбедуваат најниска латенција и највисок квалитет за проток.

Јадрото на мрежата располага со терабитен капацитет за свичинг и пропусен опсег. Од јадрото до секој краен кориснички рутер, сите операторски уреди обезбедуваат сертифициран line-rate non-blocking пренос на сообраќај, осигурувајќи максимален bandwidth за сите големини на пакети на сите порти истовремено.

За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има глобално присуство со ИТ инфраструктура во повеќе земји во Европа (Македонија, Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Србија, Бугарија, Грција), Северна Америка (САД, Канада), Азија/Океанија (Австралија, Јапонија, Сингапур). Прочитајте повеќе
Корисниците во преден план

Нашата врховна посветеност е да го одржуваме задоволството на клиентите на највисоко ниво. Тимовите за развој на производи и услуги се во тесна комуникација со водечки технолошки вендори, со цел да се дизајнираат најдобри производи и услуги. Од нашите клиенти бараме директни и постојани повратни информации со цел да ги унапредуваме решенијата со секоја следна инсталација - овие позитивни искуства потоа ги пренесуваме кон останатите корисници.

Мисија и визија

Нашата мисија е да дизајнираме извонредни информациски и комуникациски решенија и да ги направиме достапни по најконкурентни цени.

Нашата визија е да станеме етаблиран провајдер на високо-квалитетни информациски и комуникациски технологии, градејќи успех преку динамична соработка и заемна корист со нашите клиенти.

Највисоки стандарди

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
Пасија за најдобро
Највисока класа

Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.
Најдобри цени

Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Корисниците во преден план

Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
Водечки модел за SLA

SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
24/7/365

Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.



Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам