Премиум Интернет пристап
Интернет од највисока класа со супериорен проток и стабилност
Што е Премиум Интернет пристап? 
Премиум Интернет пристап претставува Интернет конекција со неспоредлив квалитет на трансфер и повеќе степена редундантност. Тој нуди излез на Интернет директно преку врните глобални провајдери, симетричен download и upload, неограничен месечен сообраќај, SLA договор за многу брзо решавање на пречки и статичка ИП за непрекината конекција.

Конекцијата се доставува исклучиво преку супериорна точка-до-точка фибер оптичка линија која осигурува супер брз проток во споредба со технологијата за делба на оптички влакна. Премиум Интернет пристап претставува највисока класа на Интернет и се разликува од услугите за оптички Интернет од стандардна класа.

Достапна во:  МакедонијаСрбијаБугаријаКосово
 
Пакети и цени 
ДедициранПремиум Интернет пристап
Дедициран интернет пристап обезбедува ексклузивна, дедицирана конекција со гарантирана брзина до глобални интернет провајдери, обезбедувајќи конзистентни перформанси 24/7. Вклучува статичка јавна IPv4 адреса или сабнет, неограничен месечен сообраќај и SLA за многу висока достапност на услугата.
Идеален за банки, софтверски компании, кол центри и секој бизнес кој бара доверлива поврзаност. Вклучува Reverse DNS поддршка за хостирање на интерни сервери.
99.9% - 100% SLA
До 10 Gbps брзина
Point-to-Point линија
Дедицирана конекција
Побарајте понуда
Побарајте понуда 
Име на компанија или физичко лице: *
Email: *
Телефон: *
Понуда за брзини:
Локација каде треба да се обезбеди приклучокот: *
Зумирајте и кликнете на мапата за да изберете прецизна локација (пр. зграда, куќа)
Ве молиме почекајте..
Нарачај Премиум Интернет пристап
  Назад кон листа на пакети
ДелтаПремиум Интернет пристап
Делта интернет пристап обезбедува висококвалитетна брзина оптимизирана за помал број на поврзани корисници. Вклучува неограничен месечен сообраќај, статичка јавна IPv4 адреса и SLA за висока достапност на услугата. Ова обезбедува одлична доверливост, правејќи го дел од премиум пакетите за интернет пристап.
Користејќи напредна технологија за споделување на брзина, овие пакети се идеални за бизниси со 10 до 30 вработени кои активно го користат интернетот. Иако ги немаат сите предности на Дедициран интернет пакети, тие обезбедуваат одличен однос цена-перформанси.
99.5% - 100% SLA
До 2 Gbps брзина
Point-to-Point линија
Побарајте понуда
Побарајте понуда 
Име на компанија или физичко лице: *
Email: *
Телефон: *
Понуда за брзини:
Локација каде треба да се обезбеди приклучокот: *
Зумирајте и кликнете на мапата за да изберете прецизна локација (пр. зграда, куќа)
Ве молиме почекајте..
Нарачај Премиум Интернет пристап
  Назад кон листа на пакети
 
Предности на Интернетот од Interspace 
Interspace е телеком провајдер од прва класа кој оперира со сопствена локална и регионална фибер оптичка инфраструктура и автономен систем во глобалната BGP мрежа.

Interspace има директни конекции со водечките глобални tier 1 провајдери и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме Интернет од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери, како и за нашата клауд и хостинг платформа.

Нашата мрежа е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Погледнете ја листата на интерконекции
Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Мрежата се протега до речиси сите градови и гранични премини. Најголема покриеност имаме во Скопје каде што се опфатени сите населби.

На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км, која поминува низ Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово. Преку оваа мрежа се поврзуваме со глобалните провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Врските се редундантни и опфаќаат повеќе гео независни супер брзи DWDM линии кои обезбедуваат најниска латенција и највисок квалитет за проток.

Јадрото на мрежата располага со терабитен капацитет за свичинг и пропусен опсег. Од јадрото до секој краен кориснички рутер, сите операторски уреди обезбедуваат сертифициран line-rate non-blocking пренос на сообраќај, осигурувајќи максимален bandwidth за сите големини на пакети на сите порти истовремено.

За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има глобално присуство со ИТ инфраструктура во повеќе земји во Европа (Македонија, Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Србија, Бугарија, Грција), Северна Америка (САД, Канада), Азија/Океанија (Австралија, Јапонија, Сингапур). Прочитајте повеќе
Оптичката мрежа на Interspace е дизајнирана според сите релевантни ISO стандарди и изградена според строги процедури, осигурувајќи исполнување на највисоките барања за квалитет. Поседуваме највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура, лиценца А, која потврдува дека сме способни да дизајнираме висококвалитетни оптички мрежи.

Имаме сопствени тимови и опрема за целиот процес на изградба, оперирање и одржување на мрежата. Користиме фузија наместо механичко спојување на влакната, обезбедувајќи долготрајна издржливост и сигурност. Квалитетот на врската се верификува со опсежни OTDR, RFC 2544 и ITU Y.1564 мерења за да се гарантира најдобар пренос.

Вршиме континуирано 24/7 проактивно мониторирање на секој сегмент од инфраструктурата. На основно ниво, резервираме две влакна од секој кабел за следење на општата состојба на кабелот. Мониторираме повеќе компоненти (напојувања, температура, сообраќај итн.) во секој мрежен уред, вклучувајќи постојана проверка на нивото на оптичкиот сигнал на секој кориснички интерфејс. Ова ни овозможува да реагираме брзо и беспрекорно, осигурувајќи SLA гаранција за ниво на квалитет и uptime на врските.

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации од TÜV NORD CERT GmbH, како што е наведено подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 45001: Сертификат за нашиот систем за управување кој обезбедува безбедност и здравје на работното место за нашите вработени.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање: Највисока акредитација за проектирање на телекомуникациски инфраструктурни проекти од прва категорија.
  • Лиценца А за изведба: Највисока акредитација за изградба на телекомуникациски инфраструктурни проекти од прва категорија.
 
 
Листа на интерконекции за Интернет

Interspace е телекомуникациски провајдер од прва класа кој управува со своја локална и регионална оптичка инфраструктура и автономен систем во глобалната BGP мрежа. Interspace има директни врски со водечките глобални tier 1 провајдери и стратешки регионални и локални пиринзи, преку кои обезбедува интернет поврзаност од највисок квалитет.

Врски со глобални провајдери

Директните врски со глобалните провајдери му овозможуваат на Interspace да влезе директно во јадрото на интернетот преку само еден рутер на провајдерот. Ги истакнуваме директните врски со tier 1 провајдерите Lumen и Arelion, кои се на првите две места. Глобалниот ранг е базиран на CAIDA AS Rank.

Lumen (претходно Level 3)
Број 1 во глобалниот ранг. Интерконекција преку 2 географски независни патеки.
Arelion (претходно Telia Carrier)
Број 2 во глобалниот ранг. Интерконекција преку 2 географски независни патеки.
Hurricane Electric
Голем глобален провајдер. Интерконекција преку 2 географски независни патеки.
RETN
Голем глобален провајдер со квалитетни рути кон EMEA/APAC.

Врски со интернет менувачници

Interspace разменува сообраќај директно со бројни провајдери преку т.н. Интернет Менувачници, со што значително се подобруваат мрежните перформанси. Стратешки ги избираме пиринг точките врз основа на текови на сообраќај, регионалната важност и концентрацијата на главните провајдери на содржини и мрежи.

NetIX
Најголемата глобална Интернет Менувачница.
AMS-IX
Една од најголемите Интернет Менувачници во Западна Европа.
BIX
Најголемата интернет Интернет Менувачница во Балканскиот регион.
DATA-IX
Водечка Интернет Менувачница во Источна и Централна Европа.
IXP.MK
Национална Интернет Менувачница за Македонија.

Врски со регионални и локални провајдери

Директните врски со регионалните и локалните провајдери овозможуваат подобра брзина и помала латентност меѓу корисниците на Interspace и корисниците на овие провајдери, бидејќи сообраќајот се рутира директно меѓу нашите мрежи на најкраткиот можен пат, наместо преку глобалните провајдери.

Swisscom
Голем провајдер во Западна Европа со седиште во Швајцарија.
A1
Голем провајдер во Европа со седиште во Австрија.
Telekom Slovenije
Голем провајдер во Југоисточна Европа.

Врски со клучни глобални сервисни провајдери

Воспоставуваме директен пиринг со познати специјализирани сервисни провајдери, што овозможува значително подобро искуство при користењето на нивните услуги.

Cloudflare
Ја подобрува безбедноста и перформансите на веб-сајтовите
Google
Директен пристап до Google-овиот широк спектар на услуги и ресурси.
Amazon
Нуди беспрекорна поврзаност со Amazon услугите за подобрено корисничко искуство.
Facebook
Овозможува оптимизирана достава на содржини и услуги од Facebook екосистемот.
 
Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатија
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 
Препораки за комуникациски услуги 
Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата.

Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка!
Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг.

Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга.
Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици.

Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа.
Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност.

Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.
New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби.

Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.
Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел.

Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет.
ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.
 
Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни одредби. Разбирам