Клауд NAT Gateway
Влезен/излезен Интернет за серверите во приватна мрежа


Подесување со
неколку клика
Port
forward
Влезни/излезни
конекции
Бесплатна клауд
приватна мрежа
Конекција од
висока класа
Disaster
recovery

Што е Клауд NAT Gateway? 
Клауд NAT Gateway овозможува влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси.

Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway рутер. Опционално, серверите може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward.

Обезбедува јавен пристап до апликации поставени позади NAT на точно одредени порти, што придонесува за смалување на полето зa хакерски упад.

Достапна за клиенти од:  Сите земји
 
Пакети и цени 
ПакетВкупен протокМесечен надомест
(без ДДВ 18%)
 
CNAT-5050/50 MbpsВклучена€ 6
CNAT-100100/100 MbpsВклучена€ 10
CNAT-500500/500 MbpsВклучена€ 60
CNAT-10001000/1000 MbpsВклучена€ 100
CNAT-20002000/2000 MbpsВклучена€ 180
Нарачај Клауд NAT Gateway
  Назад кон листа на пакети
 
Предности на Interspace NAT Gateway 
Секој од нашите клиенти кои ќе нарачаат Клауд NAT Gateway услуга, добиваат дедициран рутирачки систем со дедицирана јавна IPv4 адреса, кој автоматски ќе биде инсталиран, подесен и континуирано одржуван од Interspace.

Нашиот безбеден контролен панел My Interspace е наполнет со есенцијални алатки за брзо и едноставно управување на вашата Kлауд NAT Gateway услуга.

Interspace клауд платформата базира на модерна клауд инфраструктура спремна за хостирање на апликации од критична важност за бизнисот. Високо стручен тим работи 24/7 за да осигура беспрекорно функционирање и брза техничка поддршка.
Interspace е телеком провајдер од прва класа кој оперира со сопствена локална и регионална фибер оптичка инфраструктура и автономен систем во глобалната BGP мрежа.

Interspace има директни конекции со водечките глобални tier 1 провајдери и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме Интернет од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери, како и за нашата клауд и хостинг платформа.

Нашата мрежа е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Прочитајте повеќе
Interspace Клауд приватна мрежа е Layer 2 етернет мрежа, изолирана и дедицирана само за една организација. Во оваа мрежа, вашите виртуелни приватни сервери, дедицирани сервери, крајни точки на приватни оптички лини и други системи во клаудот можат да комуницираат директно и бесплатно преку приватни IP адреси. Вашите серверите кои нема потреба да се пристапуваат директно преку Интернет може да имаат само приватна IP адреса, како дата бази, околина за развој и други позадински сервиси. Прочитајте повеќе
Interspace Клауд нуди неколку технологии кои овозможуваат безбедни конекции до вашата Клауд приватна мрежа од надворешни мрежи како што е Интернетот.

  • Клауд VPN PointConnect овозможува индивидуални компјутери од каде било во светот безбедно да пристапaт до вашите сервери и други системи во клаудот, преку Интернет.
  • Клауд VPN MultiSite овозможува цели LAN мрежи на далечни канцеларии или филијали безбедно да се поврзат меѓусебe или да пристапат до вашата клауд приватна мрежа, од било каде во светот преку VPN рутери поврзани на Интернет.
  • Клауд оптичка линија ги интегрира ЛАН мрежите на вашите физички канцеларии со вашата Клауд приватна мрежа, користејќи директни кабелски врски до вашите локации преку фибер оптичка мрежа која функционира независно од Интернетот.
  • Клауд NAT Gateway обезбедува NAT и port-forwarding функционалност, односно овозможува влезни/излезни конекции на Интернет за серверите кои имаат само приватни IP адреси.
  • Веб конзола е бесплатна алатка која нуди веб базиран пристап до клауд серверите, сличен на користење монитор, тастатура и глувче. Поддржува интеракции во реално време, вклучувајќи инсталација на ОС преку ISO имиџи. Прочитајте повеќе

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
 
 
Инфраструктура на Дата Центри
Примарните дата центри на Interspace се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.

Каратеристики на дата центрите
  • Електричен систем
    Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
  • Систем за ладење
    Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
  • Заштита од пожар
    Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
  • Заштита од протекување и влага
    Систем за детекција за протекување на течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
  • Физичка заштита
    24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
  • Мрежна и кабелска инфраструктура
    Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
  • Про-активен мониторинг
    Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.
Пасија за најдобро
Највисока класа
Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.
Најдобри цени
Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Корисниците во преден план
Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
Водечки модел за SLA
SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
24/7/365
Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.
 
Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија и транспорт
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Здравство
Здравствените установи имаат потреба од сигурна врска со висока брзина за поддршка на грижата за пациентите, телемедицината и медицинските истражувања. Interspace задоволува овие потреби со обезбедување на јавни и приватни комуникациски мрежи кои базираат на сигурни и брзи конекции и робусни клауд услуги за безбедно складирање и обработка на податоци. Нашите решенија им помагаат на здравствените институции да ги рационализираат операциите и да ги следат модерните текови во медицината.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатски мисии
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 
Препораки за клауд и хостинг услуги 
Групацијата ОНЕ, вклучувајќи ги институциите ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце, ОНЕ Ауто и ОНЕ Рентал, е бизнис кој се гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Во нашето работење користиме клауд виртуелни сервери за различни апликации кои ги користат нашите вработени и клиенти.

Сите наши виртуелни сервери ги префрливме од Amazon Web Services (AWS) во Interspace. Тоа навистина ни помогна да се справиме со зголемените трошоци предизвикани од потребите за сервери со поголем капацитет. Едноставноста на веб панелот за управување, во комбинација со алатките за заштите на податоците на безбедна далечна (disaster recovery) и исклучителните перформанси на серверите, ни влева сигурност дека нашите бизнис процеси имаат стабилна ИТ инфраструктура.
PrimePoint Partners е водечка консултантска компанија за менаџмент во Западен Балкан, специјализирана за имплементација на програми за економски развојни програми со високо влијание, стратешко советување, бизнис развој и достап до финансии.

Ние ги користиме клауд виртуелните сервери на Interspace за нашиот обемен систем за документација, алатки за соработка и проект менаџмент, како и приватни online состаноци. Исто така, ја користиме клауд метро услугата на Interspace која ни овозможува да ги соединиме нашите канцеларии во Македонија (Скопје, Охрид) и Црна Гора (Подгорица) во една обединета канцелариска мрежа.

Стабилноста на нивните системи ни овозможува сервисите кои ги користиме да се постојано во функција. Нивната технологија за заштита на податоци ни овозможува да активираме disaster recovery како и дневни резервни копии со еден клик.

Нашето искуство со клауд услугите на Interspace е апсолутно позитивно. Interspace поседува високо ниво на професионализам што е од витално значење за сложените процеси кои ги спроведуваме и квалитетот на услуги кој го обезбедуваме на нашите клиенти.
Automotive AI Solutions развива врвна технологија за автопилот, со мисија да постави нови стандарди за безбедност и ефикасност во автомобилската индустрија. Одлучивме да преминеме на HPC Elastic Cloud VPS на Interspace кога нашиот проект бараше доверлив HPC компјутинг со подобрена поддршка за складирање, дизајниран за огромен проток на податоци со ниска латентност. Оваа одлука ни овозможи полесно нагорно скалирање без загуба на перформанси и поефикасно обучување на модели и изведување симулации.

Дополинтелно, Cloud VPN Multisite услугата му овозможува на нашиот тим да остане поврзан со дневен трансфер на податоци и безбеден пристап до ресурсите за компјутинг. Оваа беспрекорна поврзаност значително ги забрза нашите процеси, овозможувајќи ни да иновираме и итерираме за пократко време.

Посветеноста на Interspace кон висока достапност и брза имплементација ни даде самодоверба да ги поместиме границите на она што е можно во светот на автомобилската вештачка интелигенција.
Македонската радио телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис, кој има повеќе од 700 вработени и соработници кои секојдневно работат на производство и емитување на радио и ТВ програми од сите жанрови.

МРТ ја користи клауд и онлајн видео платформата на Interspace за нашите сервиси за прикажување онлајн содржини во живо и on-demand. Клауд решението вклучува сервери што се протегаат на 3 континента, со архитектура за приказ на содржина по најниска латенција врз основа на геолокација на посетителите и автоматска репликација за заштита на податоците.

Стотици илјади видеа, како и 12 ТВ и радио канали, беспрекорно се стримуваат преку клауд сервери на Interspace. Содржините се прикажуваат со највисок квалитет, без разлика од каде се поврзуваат гледачите и каков е квалитетот на нивната Интернет конекција.

Interspace платформата автоматски ги прави сите работи во позадина, вклучувајќи енкодирање во повеќе резолуции и дистрибуција на истата содржината од повеќе сервери, овозможувајќи на нашите сервиси беспрекорно да стримуваат содржина до илјадници истовремени гледачи. Нашите администратори се многу задоволни од тоа колку е платформата едноставна за користење, а сепак обезбедува толку сложени процеси во позадина.
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е највисока национална научно-творечка установа основана во 1967 год. МАНУ има издадено илјадници научни трудови од сите сфери на науката и уметностите.

За потребите за напредна дигитализација и заштита на електронските бази на податоци, во 2017 година МАНУ ја избра клауд платформата на Interspace. До денес остануваме клиенти на Interspace бидејќи имаме само позитивно искуство, особено со стабилноста на системите, неверојатната техничка поддршка и едноставните веб алатки за управување.
 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам