Приватни етернет линии
Безбедно интерконектирајте LAN мрежи од различни локации преку директни оптички линии
Што се Приватни етернет линии? 
Услугата за Приватни етернет линии ги интегрира LAN мрежите на вашите канцеларии/филијали на различни локации користејќи супер брза фибер оптичка мрежа која е независна од Интернетот. Ова овозможува серверите, компјутерите и други уреди од различни локации да воспостават далечни директни врски со загарантирана брзина.

Можете да поврзете само две локации со една линија или повеќе локации за да создадете мрежа. Поддржани се повеќе технологии како Ethernet Private Line, Ethernet Virtual Private Line, Ethernet Private LAN, Ethernet Virtual Private LAN, Ethernet преку MPLS и Ethernet преку SDH/SONET. Прочитајте повеќе за овие технологии.

Достапна за клиенти од:  Сите земји
Побарајте понуда
Побарајте понуда 
Име на компанија или физичко лице: *
Email: *
Телефон: *
Локација за точка А: *
Зумирајте и кликнете на мапата за да изберете прецизна локација (пр. зграда, куќа)
Локација за точка Б: *
Зумирајте и кликнете на мапата за да изберете прецизна локација (пр. зграда, куќа)
Ве молиме почекајте..
 
Предности на Interspace решенијата за Приватен етернет 
  • Гарантирана брзина на проток помеѓу далечни локации - многу значајно за апликации кои работат во реално време.
  • Приватност на комуникацијата бидејќи пакетите не патуваат низ Интернетот.
  • Лесно за одржување и миграција бидејќи не се инволвирани јавни ИП адреси врзани за одреден провајдер.
  • Линиите терминираат на етернет интерфејси, овозможувајќи лесна интеграција со вашите постоечки свичеви и рутери.
  • Етернет како основен протокол, овозможувајќи да проследите Ваши мрежни технологии врз него, како VPN и QoS полиси.
Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Мрежата се протега до речиси сите градови и гранични премини. Најголема покриеност имаме во Скопје каде што се опфатени сите населби.

На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км, која поминува низ Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово. Преку оваа мрежа се поврзуваме со глобалните провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Врските се редундантни и опфаќаат повеќе гео независни супер брзи DWDM линии кои обезбедуваат најниска латенција и највисок квалитет за проток.

Јадрото на мрежата располага со терабитен капацитет за свичинг и пропусен опсег. Од јадрото до секој краен кориснички рутер, сите операторски уреди обезбедуваат сертифициран line-rate non-blocking пренос на сообраќај, осигурувајќи максимален bandwidth за сите големини на пакети на сите порти истовремено.

За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има глобално присуство со ИТ инфраструктура во повеќе земји во Европа (Македонија, Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Србија, Бугарија, Грција), Северна Америка (САД, Канада), Азија/Океанија (Австралија, Јапонија, Сингапур). Прочитајте повеќе
Оптичката мрежа на Interspace е дизајнирана според сите релевантни ISO стандарди и изградена според строги процедури, осигурувајќи исполнување на највисоките барања за квалитет. Поседуваме највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура, лиценца А, која потврдува дека сме способни да дизајнираме висококвалитетни оптички мрежи.

Имаме сопствени тимови и опрема за целиот процес на изградба, оперирање и одржување на мрежата. Користиме фузија наместо механичко спојување на влакната, обезбедувајќи долготрајна издржливост и сигурност. Квалитетот на врската се верификува со опсежни OTDR, RFC 2544 и ITU Y.1564 мерења за да се гарантира најдобар пренос.

Вршиме континуирано 24/7 проактивно мониторирање на секој сегмент од инфраструктурата. На основно ниво, резервираме две влакна од секој кабел за следење на општата состојба на кабелот. Мониторираме повеќе компоненти (напојувања, температура, сообраќај итн.) во секој мрежен уред, вклучувајќи постојана проверка на нивото на оптичкиот сигнал на секој кориснички интерфејс. Ова ни овозможува да реагираме брзо и беспрекорно, осигурувајќи SLA гаранција за ниво на квалитет и uptime на врските.

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
 
 
Технологии за Приватни етернет линии

Повеќе технологии се достапни за услугите за Приватни Етернет Линии, што ги прави идеални за широк спектар на апликации. Овие услуги користат различни имплементации за да ги задоволат специфичните деловни потреби, обезбедувајќи конекција која е сигурна и со високи перформанси. Подолу се подетално елаборирани различните видови на технологии, вклучувајќи Ethernet Private Line, Ethernet Virtual Private Line, Ethernet Private LAN, Ethernet Virtual Private LAN, Ethernet over MPLS и Ethernet over SDH/SONET.

Ethernet Private Line (EPL)

Ethernet Private Line (EPL) е точка до точка Етернет услуга која обезбедува дедицирана, високо-пропусна конекција помеѓу две локации. Работи на Layer 2 на OSI моделот, нудејќи транспарентен, нетагиран транспорт на Етернет рамки. EPL е идеален за бизниси кои имаат потреба од сигурна, ниско-латентна конекција за критични апликации како репликација на податоци, комуникации во реално време и безбедни деловни мрежи.

Ethernet Virtual Private Line (EVPL)

Ethernet Virtual Private Line (EVPL) е точка до точка Етернет услуга слична на EPL, но со поголема флексибилност. За разлика од EPL, кој обезбедува дедицирана конекција, EVPL користи VLAN тагирање за да овозможи повеќе виртуелни конекции преку една физичка врска. Ова го прави EVPL погоден за бизниси кои имаат потреба да поврзат повеќе локации на економичен начин, а сепак овозможувајќи контрола на квалитетот на услугата.

Ethernet Private LAN (EP-LAN)

Ethernet Private LAN (EP-LAN) е повеќе-точка до повеќе-точка услуга која поврзува повеќе локации во рамките на метрополитенска мрежа (MAN) како да се наоѓаат на истата локална мрежа (LAN). EP-LAN обезбедува високо-пропусна, ниско-латентна конекција, што го прави идеален за апликации кои бараат обемна меѓу-локациска комуникација, како што се системи за планирање на ресурсите на претпријатието (ERP), големи колаборации и унифицирани комуникации.

Ethernet Virtual Private LAN (EVP-LAN)

Ethernet Virtual Private LAN (EVP-LAN) нуди повеќе-точки до повеќе-точки поврзување како и EP-LAN, но со дополнителна флексибилност преку VLAN тагирање. EVP-LAN им овозможува на бизнисите да го сегментираат својот мрежен сообраќај според сектор или апликација додека ја делат истата физичка инфраструктура. Оваа услуга е совршена за организации кои имаат потреба од скалабилна, сигурна конекција за повеќе деловни единици или апликации.

Ethernet over MPLS

Ethernet over MPLS (EoMPLS) користи MPLS технологија за пренос на Етернет рамки преку широкопојасни мрежи (WAN). EoMPLS обезбедува високоперформансна, скалабилна и сигурна конекција со напредни можности за инженеринг на сообраќајот. Оваа услуга е идеална за бизниси кои имаат потреба од беспрекорна интеграција на нивните Етернет мрежи преку географски распрскани локации, поддржувајќи различни апликации како VoIP, видео конференции и клауд компјутинг.

Ethernet over SDH/SONET

Ethernet over SDH/SONET е метод за пренос на Етернет рамки преку SDH или SONET инфраструктура. Оваа услуга ја користи сигурноста на SDH/SONET мрежите, нудејќи висока достапност и предвидлив квалитет на трансфер. Ethernet over SDH/SONET е погодна за бизниси кои имаат потреба да ги прошират своите Етернет услуги на долги растојанија со строги барања за квалитет на услугата (QoS), како што се финансиските институции и провајдерите на услуги.

 
Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија и транспорт
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Здравство
Здравствените установи имаат потреба од сигурна врска со висока брзина за поддршка на грижата за пациентите, телемедицината и медицинските истражувања. Interspace задоволува овие потреби со обезбедување на јавни и приватни комуникациски мрежи кои базираат на сигурни и брзи конекции и робусни клауд услуги за безбедно складирање и обработка на податоци. Нашите решенија им помагаат на здравствените институции да ги рационализираат операциите и да ги следат модерните текови во медицината.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатски мисии
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 
Препораки за комуникациски услуги 
Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата.

Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка!
Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг.

Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга.
Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици.

Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа.
Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност.

Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.
New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби.

Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.
Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел.

Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет.
ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.
 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам