Колокација во дата центар
Безгрижна колокација во дата центар од висока класа

Намалете ги вашите трошоци со мигрирање на вашата ИТ опрема во нашиот висококвалитетен дата центар, изграден според најновите технолошки стандарди. Нашиот дата центар, заедно со тим од искусни професионалци, е подготвен да поддржи ИТ системи од критична важност, обезбедувајќи висок степен на редундантност, безбедност и достапност.

Со изборот на нашиот дата центар, инвестирате во сигурно, доверливо и економично решение за вашите ИТ инфраструктурни потреби. Дозволете ни да обезбедиме основа за растот на вашата компанија со нашите сеопфатни колокациски услуги.

Предности на користење на нашиот дата центар

  • Повисока доверливост и достапност
    Искористете ги редундантните системи кои обезбедуваат супериорна доверливост и достапност. Постигнувањето слична редундантност во ваша сопствена серверска соба би барало многу поголема инвестиција.
  • Заштеда на трошоци за персонал
    Елиминирајте ја потребата да чувате скапи професионалци на платен список за управување и мониторинг на системите 24/7. Нашиот тим го презема сето тоа, овозможувајќи ви да се фокусирате на вашите основни деловни активности.
  • Поевтина надградба на капацитетите
    Лесно надградете ги вашите капацитети без потреба од значителни дополнителни инвестиции во нова инфраструктура, како што се скапи UPS и системи за напојување. Нашите скалабилни решенија растат со вашите потреби, осигурувајќи дека секогаш имате потребните ресурси.
Највисоки стандарди

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
Инфраструктура на Дата Центри
Примарните дата центри на Interspace се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.

Каратеристики на дата центрите
  • Електричен систем
    Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
  • Систем за ладење
    Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
  • Заштита од пожар
    Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
  • Заштита од протекување и влага
    Систем за детекција за протекување на течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
  • Физичка заштита
    24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
  • Мрежна и кабелска инфраструктура
    Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
  • Про-активен мониторинг
    Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.
Пасија за најдобро
Највисока класа

Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

Најдобри цени

Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

Корисниците во преден план

Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

Водечки модел за SLA

SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

24/7/365

Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.
Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија и транспорт
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Здравство
Здравствените установи имаат потреба од сигурна врска со висока брзина за поддршка на грижата за пациентите, телемедицината и медицинските истражувања. Interspace задоволува овие потреби со обезбедување на јавни и приватни комуникациски мрежи кои базираат на сигурни и брзи конекции и робусни клауд услуги за безбедно складирање и обработка на податоци. Нашите решенија им помагаат на здравствените институции да ги рационализираат операциите и да ги следат модерните текови во медицината.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатски мисии
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 



Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам