Услугата за интернационална приватна мрежа овозможува две или повеќе локации во различни места во светот да бидат поврзани преку приватна, стабилна и брза конекција. На секоја крајна локација линијата завршува на етернет порта, овозможувајќи Ви на едноставен начин да ги обедините оддалечените локални (LAN) мрежи на Вашите глобално распостранети подружници во единствена Етернет мрежа со загарантиран проток.
Услугата базира на Етернет протокол за пренос на податоци, овозможувајќи Ви да проследите Ваши мрежни технологии врз него, како VPN и QoS полиси. Преку својата партнерска мрежа од меѓународни оператори, Interspace може да обезбеди брзи податочни врски со проток од 2Mbps до 40Gbps помеѓу било која поврзана дестинација во светот.
Aпликација низ интернационални претставништва која прави голем проток на податоци. | |
Дедицирана конекција со интернационални партнери која е одвоена од Интернетот. | |
Користење на приватна телефонска централа на повеќе локации во светот. | |
Корпоративна приватна мрежа која се протега низ повеќе земји. |
Оперираме со голема оптичка мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет. | |
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер. | |
Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга. | |
Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура. | |
Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток. |
Две Интернет конекции со високи перформанси.
Интернет од висока класа за британска мултинационална компанија.
Три Интернет конекции со високи перформанси и хостинг на 60 бази.
Интернет од висока класа и ВЕБ видео стриминг од 30 локации во Македонија.
Обезбедуваме конекции во Македонија на провајдерско ниво за водечкиот провајдер на Балканот.
Дедициран Интернет за 24/7 full HD пренос во живо за Македонска Радио Телевизија.
  Цела референтна листа
Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.
Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.