Метро клауд мрежа
Обединете ги вашите виртуелни сервери и канцеларии во една приватна мрежа

 

Услугата за метро клауд мрежа Ви овозможува да создадете приватна мрежа меѓу Вашите виртуелни сервери и Вашите канцеларии. Можете да воспоставите приватна врска помеѓу приватната мрежа на клауд серверите и една или повеќе локации каде имате канцеларии или објекти на компанијата, без разлика на далечината, користејќи супер брзи точка-до-точка фибер оптички линии.

На секоја крајна локација линијата завршува на етернет порта, овозможувајќи Ви на едноставен начин да ги обедините приватната мрежа на серверите и локалните мрежи на Вашите подружници во единствена Етернет мрежа со загарантиран проток.

Примарниот ефект е значително намалување на трошоците преку споделување на простор за податоци, апликации и други ИТ ресурси помеѓу повеќе локации.

Предности

Изолираната и дедицирана мрежа за Вашите виртуелни сервери е бесплатна. Сами бирате кои приватни ИП адреси да бидат зададени на серверите.
Гарантирана брзина на проток помеѓу далечни локации - многу значајно за апликации кои работат во реално време.
Зголемена приватност на комуникацијата бидејќи пакетите не патуваат низ Интернетот, а во рамките на мрежата на Интерспејс се изолирани во Ваша засебна Етернет мрежа.
Лесно за одржување и миграција бидејќи не се инволвирани јавни ИП адреси врзани за одреден провајдер.
Етернет како основен протокол, овозможувајќи да проследите Ваши мрежни технологии врз него, како VPN и QoS полиси.

Зошто да не изберете нас?

Interspace клауд платформата базира на модерни софтверски и хардверски решенија. Искусни професионалци од Interspace работат 24/7/365 за да се осигура беспрекорно функционирање на системите и брза техничка подршка.
Оперираме со голема оптичка мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет.
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер.
Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.
Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура.
Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток.

Високо безбедна клауд платформа

Interspace клауд платформата функционира во согласност со највисоките стандарди и строги процедури кои подлежат на редовна сертификација, и тоа:

ISO 27001 сертификат кој потврдува дека нашиот систем за менаџмент со информатичка безбедност исполнува строги интернационални стандарди за информатичката безбедност и соодветна заштита на податоци.
ISO 20000-1 сертификат кој потврдува дека поседуваме интегриран склоп на управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
ISO 22301 сертификат дека нашите системи за деловен континуитет нудат безбедност и издржливост на бизнисот да продолжи со работа во случај на инцидент или катастрофа.
ISO 9001 сертификат кој потврдува дека нашиот систем за менаџирање со квалитетот може континуирано да обезбедува производи и услуги кои ги исполнуваат барањата на потрошувачите и соодветните регулативи во телекомуникациската дејност.
ISO 14001 сертификат дека нашиот систем за управување со животна средина обезбедува високо ниво на одговорност и вредности за околината, организацијата и поврзани страни.
Лиценца од највисоко ниво А за проектирање на фибер оптичка инфраструктура, која означува дека инфраструктурата е дизајнирана според највисоките стандарди.

Обезбедени сте!

Кликнете овде за бесплатно да добиете повеќе детали за оваа технологија и нејзините предности во однос на значително намалување на трошоците за мрежи на големи дистанци. Нашиот продажен тим е на ваше целосно располагање за дефинирање решенија и сугестии за да направите најдобра одлука.




ПАСИЈА ДА СЕ РАБОТИ НАЈДОБРО

  • Највисока класа

    Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

  • Најдобри цени

    Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

  • Корисниците во преден план

    Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

  • Водечки модел за SLA

    SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

  • 24/7/365

    Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.

ПРЕПОРАКИ ЗА КЛАУД УСЛУГИ

  • Групација ОНЕ

    Групацијата ОНЕ, вклучувајќи ги институциите ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце, ОНЕ Ауто и ОНЕ Рентал, е бизнис кој се гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Во нашето работење користиме клауд виртуелни сервери за различни апликации кои ги користат нашите вработени и клиенти. Сите наши виртуелни сервери ги префрливме од Amazon Web Services (AWS) во Interspace. Тоа навистина ни помогна да се справиме со зголемените трошоци предизвикани од потребите за сервери со поголем капацитет. Едноставноста на веб панелот за управување, во комбинација со алатките за заштите на податоците на безбедна далечна (disaster recovery) и исклучителните перформанси на серверите, ни влева сигурност дека нашите бизнис процеси имаат стабилна ИТ инфраструктура. Ивана Димитровска, оперативен директор

  • PrimePoint Partners

    PrimePoint Partners е водечка консултантска компанија за менаџмент во Западен Балкан, специјализирана за имплементација на програми за економски развојни програми со високо влијание, стратешко советување, бизнис развој и достап до финансиски. Ние ги користиме клауд виртуелните сервери на Interspace за нашиот обемен систем за документација, алатки за соработка и проект менаџмент, како и приватни online состаноци. Исто така, ја користиме клауд метро услугата на Interspace која ни овозможува да ги соединиме нашите канцеларии во Македонија (Скопје, Охрид) и Црна Гора (Подгорица) во една обединета канцелариска мрежа. Стабилноста на нивните системи ни овозможува сервисите кои ги користиме да се постојано во функција. Нивната технологија за заштита на податоци ни овозможува да активираме disaster recovery како и дневни резервни копии со еден клик. Нашето искуство со клауд услугите на Interspace е апсолутно позитивно. Interspace поседува високо ниво на професионализам што е од витално значење за сложените процеси кои ги спроведуваме и квалитетот на услуги кој го обезбедуваме на нашите клиенти. Зоран Мартиновски, ко-основач

  • Македонска радио телевизија

    Македонската радио телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис, кој има повеќе од 700 вработени и соработници кои секојдневно работат на производство и емитување на радио и ТВ програми од сите жанрови. МРТ ја користи клауд и онлајн видео платформата на Interspace за нашите сервиси за прикажување онлајн содржини во живо и on-demand. Клауд решението вклучува сервери што се протегаат на 3 континента, со архитектура за приказ на содржина по најниска латенција врз основа на геолокација на посетителите и автоматска репликација за заштита на податоците. Стотици илјади видеа, како и 12 ТВ и радио канали, беспрекорно се стримуваат преку клауд сервери на Interspace. Содржините се прикажуваат со највисок квалитет, без разлика од каде се поврзуваат гледачите и каков е квалитетот на нивната Интернет конекција. Interspace платформата автоматски ги прави сите работи во позадина, вклучувајќи енкодирање во повеќе резолуции и дистрибуција на истата содржината од повеќе сервери, овозможувајќи на нашите сервиси беспрекорно да стримуваат содржина до илјадници истовремени гледачи. Нашите администратори се многу задоволни од тоа колку е платформата едноставна за користење, а сепак обезбедува толку сложени процеси во позадина. Цане Петрушевски, раководител на сектор ТВ Техника

  • Македонска академија на науките и уметностите

    Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е највисока национална научно-творечка установа основана во 1967 год. МАНУ има издадено илјадници научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. За потребите за напредна дигитализација и заштита на електронските бази на податоци, во 2017 година МАНУ ја избра клауд платформата на Interspace. До денес остануваме клиенти на Interspace бидејќи имаме само позитивно искуство, особено со стабилноста на системите, неверојатната техничка поддршка и едноставните веб алатки за управување. Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

  •  Повеќе



Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Услови за користење и политика на приватност.    Разбирам