Нашите дата центари базираат исклучиво на највисока класа на опрема од признаени вендори, бидејќи како основен бизнис опслужуваме системи со критично ниво на важност.
Не користиме економичен хардвер или рачно склопени сервери.
Серверите и повразните системи од клауд платформата се хостираат во наши дата центри, со што имаме целосна контрола за обезбедување на постојан квалитет и осигурување на достапност 24/7/365.
Примарните дата центри се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.
Каратеристики на дата центрите
- Електричен систем
Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
- Систем за ладење
Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
- Заштита од пожар
Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
- Заштита од протекување и влага
Автоматизиран систем за детекција протекување течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
- Физичка заштита
24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
- Мрежна и кабелска инфраструктура
Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
- Про-активен мониторинг
Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.