Проширете ја достапноста до корисници преку нашата мрежа со докажан квалитет, која се простира на повеќето клучни области во Македонија, вклучувајќи ги сите главни деловни зданија. Без разлика каде делувате, може да пристапите на нашата мрежа со терабитен капацитет за пренос и комутација.
L2 (E-Access EPL/EVPL, EP-LAN/EVP-LAN) | |
L2VPN | |
L3VPN (MPLS) | |
Интернет (IP) тразит | |
Менаџирана неосветлена оптика | |
Дата центар колокација | |
Хостинг на дедициран сервер | Провери цена |
Оперираме со голема метро мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет и екстремно ниска латенција при свичинг/рутирање. | |
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер. | |
Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга. | |
Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура. | |
Имаме сопствени тимови и опрема за извршување на изградба, функционирање и одржување на пасивниот и активниот дел од мрежата, што ни овозможува да делуваме брзо во насока на осигурување на достапноста и гарантираното ниво на услуга. | |
Продаваме врски со голем капацитет и други операторски услуги на скоро сите провајдери од Македонија. | |
Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток. |
ISO 27001 сертификат кој потврдува дека нашиот систем за менаџмент со информатичка безбедност исполнува строги интернационални стандарди за информатичката безбедност и соодветна заштита на податоци. | |
ISO 20000-1 сертификат кој потврдува дека поседуваме интегриран склоп на управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги. | |
ISO 22301 сертификат дека нашите системи за деловен континуитет нудат безбедност и издржливост на бизнисот да продолжи со работа во случај на инцидент или катастрофа. | |
ISO 9001 сертификат кој потврдува дека нашиот систем за менаџирање со квалитетот може континуирано да обезбедува производи и услуги кои ги исполнуваат барањата на потрошувачите и соодветните регулативи во телекомуникациската дејност. | |
ISO 14001 сертификат дека нашиот систем за управување со животна средина обезбедува високо ниво на одговорност и вредности за околината, организацијата и поврзани страни. | |
Лиценца од највисоко ниво А за проектирање на фибер оптичка инфраструктура, која означува дека инфраструктурата е дизајнирана според највисоките стандарди. |
Две Интернет конекции со високи перформанси.
Интернет од висока класа за британска мултинационална компанија.
Главна интернет конекција со високи перформанси.
Три Интернет конекции со високи перформанси и хостинг на 60 бази.
Обезбедуваме конекции во Македонија на провајдерско ниво за водечкиот провајдер на Балканот.
Дедициран Интернет за 24/7 full HD пренос во живо за Македонска Радио Телевизија.
  Цела референтна листа
Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.
Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.