Microsoft лиценци
Партнерство меѓу Interspace и Microsoft за поволни лиценци
 
SQL Server
Microsoft SQL Server овозможува беспрекорно складирање, управување и анализирање на податоците, користејќи напредна технологија за база на податоци.
Лиценцирањето на продуктот е базирано на број на корисници.
ПродуктМесечен надомест
(без ДДВ 5%)
 
Windows SQL Server 2016/2019 Standard Edition - 1 корисник$ 20
Нарачај Microsoft лиценци
  Назад кон листа на пакети
Windows Server Standard
Windows Server 2022 Standard е најновата верзија на овој оперативен систем, која доаѓа со напредни нивоа на безбедност и новитети создадени за подобра работа на апликациите и инфраструктурата на вашиот бизнис.
Лиценцирањето на производот се базира на бројот на процесорски јадра и е достапно само за дедицирани сервери. Cloud имплементациите не се достапни за овој модел на лиценцирање.
ПродуктМесечен надомест
(без ДДВ 5%)
 
Windows Server 2016/2019/2022 Standard - 8 јадра$ 23
Windows Server 2016/2019/2022 Standard - 14 јадра$ 40
Windows Server 2016/2019/2022 Standard - 16 јадра$ 46
Windows Server 2016/2019/2022 Standard - 32 јадра$ 92
Windows Server 2016/2019/2022 Standard - 48 јадра$ 138
Нарачај Microsoft лиценци
  Назад кон листа на пакети
Windows Server Datacenter
Windows Server 2022 Datacenter е најновата верзија на овој оперативен систем, која доаѓа со напредни нивоа на безбедност и новитети создадени за подобра работа на апликациите и инфраструктурата на вашиот бизнис.
Лиценцирањето на производот се базира на бројот на процесорски јадра и е достапно само за дедицирани сервери. Cloud имплементациите не се достапни за овој модел на лиценцирање.
ПродуктМесечен надомест
(без ДДВ 5%)
 
Windows Server 2016/2019/2022 Datacenter - 8 јадра$ 159
Windows Server 2016/2019/2022 Datacenter - 14 јадра$ 279
Windows Server 2016/2019/2022 Datacenter - 16 јадра$ 319
Windows Server 2016/2019/2022 Datacenter - 32 јадра$ 638
Windows Server 2016/2019/2022 Datacenter - 48 јадра$ 957
Нарачај Microsoft лиценци
  Назад кон листа на пакети
Лиценците се применливи само ако клиентот го користи производот во инфраструктурата на Interspace (клауд или дедицирани сервери). Постои можност нашите клиенти да постават свои постоечки лиценци за Microsoft производи во инфраструктурата на Interspace, во овој случај тие треба сами да го инсталираат Microsoft софтверот и да ја преземат одговорноста за одредување дали нивната лиценца смее да се пренесе на друга инфраструктура.
 
Предности од закуп на лиценци преку Interspace 
Како доверлив Microsoft Партнер, Interspace нуди бројни предности за клиентите, вклучувајќи пристапни цени за лиценци за софтвер на Microsoft и менаџирани услуги за поддршка за безпрекорна интеграција на вашите системи со екстензивниот Microsoft екосистем.

Искористете го нашето партнерство со Microsoft за да ја помогнете иновативноста, ефикасноста и успехот во вашиот бизнис, преку користење на Microsoft технологии во нашата стабилна и моќна клауд платформа.
Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
 
Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија и транспорт
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Здравство
Здравствените установи имаат потреба од сигурна врска со висока брзина за поддршка на грижата за пациентите, телемедицината и медицинските истражувања. Interspace задоволува овие потреби со обезбедување на јавни и приватни комуникациски мрежи кои базираат на сигурни и брзи конекции и робусни клауд услуги за безбедно складирање и обработка на податоци. Нашите решенија им помагаат на здравствените институции да ги рационализираат операциите и да ги следат модерните текови во медицината.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатски мисии
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам