Робусна и редундантна мрежа
Робусна и редундантна мрежа
Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Мрежата се протега до речиси сите градови и гранични премини. Најголема покриеност имаме во Скопје каде што се опфатени сите населби.
На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км, која поминува низ Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово. Преку оваа мрежа се поврзуваме со глобалните провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Врските се редундантни и опфаќаат повеќе гео независни супер брзи DWDM линии кои обезбедуваат најниска латенција и највисок квалитет за проток.
Јадрото на мрежата располага со терабитен капацитет за свичинг и пропусен опсег. Од јадрото до секој краен кориснички рутер, сите операторски уреди обезбедуваат сертифициран line-rate non-blocking пренос на сообраќај, осигурувајќи максимален bandwidth за сите големини на пакети на сите порти истовремено.
За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има глобално присуство со ИТ инфраструктура во повеќе земји во Европа (Македонија, Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Србија, Бугарија, Грција), Северна Америка (САД, Канада), Азија/Океанија (Австралија, Јапонија, Сингапур).
Прочитајте повеќе