Дедицирани сервери
Моќни сервери од признаени вендори со бесплатен KVM-преку-IP достапен 24/7



Високи
перформанси


Инстант
KVM-преку-IP


Конекција од
висока класа


Неограничен
трансфер


Контрола на
напојување


SLA мин
99.99%

Пакети и цени 
Super Xeon
Пакети за дедициран хостинг базиран на сервери од висока класа со Intel Xeon процесори. Сите сервери вклучуваат дупли напојувања, ECC reg RAM, дискови во RAID и висока класа на Интернет конекција.
Идеални за апликации од критична важност за бизнисот, поради високо доверливите и добро воспоставените карактеристики на Xeon процесорите. На барање може да обезбедиме сабнет од јавни IPv4 адреси.
ПакетCPU modelЈадра/HTRAMПросторЕднократен
надомест
Месечен надомест (без ДДВ 18%)
за наплата на 3 год
 
SX-30Xeon E5-2690v414/2832 GB2x512 GB SSD€ 60€ 99
SX-35Xeon E5-2690v414/2832 GB2x2000 GB HDD€ 60€ 99
SX-65Xeon E5-2690v414/2864 GB2x4000 GB HDD€ 90€ 121
SX-60Xeon E5-2690v414/2864 GB2x960 GB SSD€ 90€ 121
SX-90Xeon E5-2690v414/2896 GB2x1920 GB SSD€ 120€ 159
SX-95Xeon E5-2690v414/2896 GB2x6000 GB HDD€ 120€ 159
Нарачај дедицирани сервери
  Назад кон листа на пакети
Super Epyc
Пакети за дедициран хостинг базиран на сервери од висока класа со AMD EPYC процесори. Сите сервери вклучуваат дупли напојувања, ECC reg RAM, дискови во RAID и висока класа на Интернет конекција.
Извонредни за мулти вебсајт платформи или апликации кои се користат интензивно, поради предностите на EPYC во однос на повеќе јадрени операции и голем CPU cache. На барање може да обезбедиме сабнет од јавни IPv4 адреси.
ПакетCPU modelЈадра/HTRAMПросторЕднократен
надомест
Месечен надомест (без ДДВ 18%)
за наплата на 3 год
 
SE-35EPYC Rome 728216/3232 GB2x1920 GB NVMe€ 60€ 163
SE-60EPYC Rome 728216/3264 GB2x1920 GB NVMe€ 60€ 204
SE-90EPYC Rome 728216/3296 GB2x3840 GB NVMe€ 90€ 242
SE-95EPYC Rome 745232/6496 GB2x1920 GB NVMe€ 90€ 275
SE-125EPYC Rome 745232/64128 GB2x3840 GB NVMe€ 120€ 305
Нарачај дедицирани сервери
  Назад кон листа на пакети
Доколку ви треба сетап кој не е предвиден во излистаните пакети, слободно побарајте понуда за друг сетап на [email protected]
 
Предности на дедицираниот хостинг од Interspace 
Сите хостинг пакети базираат исклучиво на највисока класа на опрема бидејќи примарно опслужуваме системи за операции од критична важност за бизнисот. Серверите користат Intel Xeon или AMD Epyc процесори, дискови во RAID, ECC Reg меморија и Интернет конекција од висока класа.

Дисковите се зајакнати со технологии кои обезбедуваат сигурна 24x7 функционалност и високи перформанси, стабилност и долготрајност.

Се користи Error Correcting Code (ECC) registered RAM кој е профисонален тип на RAM со многу подобра стабилност и доверливост во однос на регуларниот. Овој тип на RAM е задолжителен за апликации од критична важност на бизнисот, како mail сервер, чување важни податоци, ERP софтвер, комерцијална веб страна, итн.

Сите хардверски компоменти се под постојан проактивен мониторинг и одржување, осигурувајќи извонредна стабилност на системите.
Бесплатен KVM-преку-IP (систем за далечна контрола на серверот со монитор/тастарура/глувче) достапен 24/7/365. Може да се активира веднаш со еден клик преку My Interspace контролниот панел, без потреба да контактирате со нашата техничка поддршка.

KVM-от поседува напредна опција за стартување на серверот со ваши ИСО записи (ISO images) складирани на компјутерот од каде се најавувате, овозможувајќи ви да инсталирате оперативен систем по ваша желба.

Опции за контрола на напојување, како ресетирање/исклучи/вклучи, се достапни на еден клик преку контролниот панел.
Interspace е телеком провајдер и една од нашите главни услуги е обезбедување Интернет од највисока класа. Корисниците на Вашите услуги ќе имаат добивка од ова, бидејќи без разлика каде се лоцирани тие ќе имаат брз пристап до Вашите сервери преку нашaта мрежа дизајнирана за најквалитетни конекции.

Од глобалните провајдери ги истакнуваме директните врски со Lumen (ex CenturyLink/Level3) и Arelion (ex TeliaCarrier) кои се на првите две места на глобалната ранг листа asrank.caida.org, и Hurricane Electric кој е во топ 5. Со овие врски, серверите влегуваат директно во јадрото на Интернет мрежата преку само еден провајдерски рутер.

Имаме директни врски со повеќе регионални и локални провајдери, како и со специјализирани провајдери, вклучувајќи ги Google, Cloudflare, Amazon и Facebook. Присутни сме во Интернет менувачници, како во европската менувачница DATAIX, македонската менувачница IXP.MK и бугарската менувачница BIX, преку кои се поврзуваме со голем број на Интернет и хостинг провајдери. Овие врски обезбедуваат значително подобар проток и латенција, бидејќи сообраќајот се рутира директно наместо преку глобални провајдери.

Поседуваме сопствена регионална мрежа која функционира во редундантна топологија, со два поголеми прстени на релација Македонија - Бугарија - Србија - Словенија - Хрватска - Босна - Црна Гора - Косово - Македонија и Македонија - Грција - Бугарија - Македонија. Имаме три поголеми точки со рутирачка опрема надвор од Македонија во дата центри во Белград, Софија и Атина. Преку оваа мрежа се поврзуваме со наведените провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Поврзувањето е преку повеќе гео независни супер брзи линкови кои базираат на DWDM технологија која овозможува најниска латенција и највисок квалитет за проток.
Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање: Највисоко ниво на акредитација за проектирање на фибер оптичка инфраструктура.
Како доверлив Microsoft Партнер, Interspace нуди бројни предности за клиентите, вклучувајќи пристапни цени за лиценци за софтвер на Microsoft и менаџирани услуги за поддршка за безпрекорна интеграција на вашите системи со екстензивниот Microsoft екосистем.

Искористете го нашето партнерство со Microsoft за да ја помогнете иновативноста, ефикасноста и успехот во вашиот бизнис, преку користење на Microsoft технологии во нашата стабилна и моќна клауд платформа.
 
 
ДАТА ЦЕНТАР ИНФРАСТРУКТУРА
Нашите дата центари базираат исклучиво на највисока класа на опрема од признаени вендори, бидејќи како основен бизнис опслужуваме системи со критично ниво на важност. Не користиме економичен хардвер или рачно склопени сервери.

Серверите се хостираат во наши дата центри, со што имаме целосна контрола за обезбедување на постојан квалитет и осигурување на достапност 24/7/365. Примарните дата центри се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.

Каратеристики на дата центрите
  • Електричен систем
    Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
  • Систем за ладење
    Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
  • Заштита од пожар
    Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
  • Заштита од протекување и влага
    Автоматизиран систем за детекција протекување течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
  • Физичка заштита
    24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
  • Мрежна и кабелска инфраструктура
    Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
  • Про-активен мониторинг
    Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.
ПАСИЈА ДА СЕ РАБОТИ НАЈДОБРО
  • Највисока класа

    Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

  • Најдобри цени

    Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

  • Корисниците во преден план

    Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

  • Водечки модел за SLA

    SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

  • 24/7/365

    Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.

  • Во 2020-2022 Interspace имплементираше проект за иновативни дата центар технологии. Проектот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

 
Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам