Онлајн видео платформа
Направете повеќекратно зголемување на вашата публика
Што е Онлајн видео платформа? 
Онлајн видео платформата е сеопфатно решение кое им овозможува на бизнисите и поединците да креираат, менаџираат и дистрибуираат видео содржини преку брендиран и прилагоден видео портал. Нашата платформа ви овозможува лесно да лансирате професионална видео веб страна на вашиот домен, нудејќи функции кои поддржуваат стриминг на ТВ емисии, настани во живо и видео содржини на барање за глобална публика.

Дизајнирана со корисничкото искуство на ум, платформата интегрира напредна технологија за да обезбеди непречено репродуцирање на видеа, без разлика на локацијата на гледачите или брзината на интернетот. Платформата вклучува алатки за прикачување видеа, категоризација и монетизација, овозможувајќи ви да се фокусирате на создавање содржини додека ние се грижиме за техничката инфраструктура.

Само за дел од потребната инвестиција, искористете ја можноста да ја зголемите репутацијата на вашата компанија и да изгледате професионално со ваш сопствен независен видео портал – типично ексклузивен за големите ТВ мрежи и воспоставените сервиси како YouTube.
 
Предности на Interspace Онлајн Видео Платформата 
Ни требаат само неколку минути за да создадеме инстанца за вашиот видео портал. На вас останува да се пријавите на нашиот кориснички панел и на едноставен и лесен начин да ја го прилагодите порталот со ваш бренд, лого, стил, бои и повеќе.

Нашата платформа доаѓа со веќе интегрирани напредни функции, обезбедувајќи ги вашите посетители со алатки за пребарување на видеа, преглед на поврзани клипови, прикажување на статистики и добивање на споделиви линкови за социјалните мрежи.

За да започнете Web TV канал, сè што ви треба е видео уред конфигуриран да испраќа сигнал до нашата професионална инфраструктура за стриминг. Бидете без грижа, ние ќе ви го олесниме овој процес, за да може да го потрошите вашето време за генерирање квалитетна содржина.

Направете повеќе од едноставен видео сајт. Направете ги вашите видеа алатки за заработка. Фокусирајте се на креирање на атрактивна содржина и зголемете го бројот на посетители. Останатото е лесно. Користете го нашиот кориснички панел за едноставно додавање и управување со рекламни содржини кои ќе се појавуваат во рамките на вашето видео и ќе го најдат патот до светската публика.

За вас не важат правилата и политиките на трети лица. Ова ви овозможува да имате целосна контрола врз сопственоста на содржината и на заработката од нив.
Нашата платформа содржи напреден софтверски код, создаден за врвни стриминг перформанси. Хардверската инфраструктурата вклучува мрежа на сервери распределени на повеќе континенти, со вграден механизам за автоматска репликацијa и одзив со најмало доцнење, базиран на гео локацијата на посетителите.

Вашиот портал ќе користи дедицирана конекција за стриминг, за да осигури дека вашите видеа ќе стигнат до вашата публика со најдобар квалитет, без разлика на каков уред се прикажуваат. Посебно внимание е посветено за да се обезбеди прикажување на видеото без грешки на сите десктоп и мобилни системи.

Вашите видео клипови автоматски се ре-енкодираат во позадина и тоа во повеќе резолуции и bitrates, овозможувајќи безпрекорен приказ при гледањето, без оглед на квалитетот на интернет конекцијата. Опционално, можете да ја заштитите вашата содржина со вграден автоматски заштитен ѕид (firewall), кој ќе ви овозможи да ги прикажувате видеата само преку вашиот портал.
Interspace е телеком провајдер од прва класа кој оперира со сопствена локална и регионална фибер оптичка инфраструктура и автономен систем во глобалната BGP мрежа.

Interspace има директни конекции со водечките глобални tier 1 провајдери и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме Интернет од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери, како и за нашата клауд и хостинг платформа.

Нашата мрежа е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Прочитајте повеќе
Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
 
 
Пример за видео портал


 
Селекција на клиенти
Финансии
Банките, осигурителните компании, фондовите и другите финансиски институции брзо се трансформираат во агилни и е-комуникациски компании. Решенијата на Interspace ја забрзуваат оваа трансформација преку обезбедување на Интернет конекции од премиум класа, сигурни изолирани оптички врски помеѓу филијалите, робусни VPN мрежи за сигурен пренос на податоци, дедицирани клауд услуги за критични апликации и чување на податоци и многу повеќе. Ова им помага да ја зголемат оперативната ефикасност, да ја подобрат корисничката услуга и да се усогласат со регулаторните барања.
Развој на софтвер
Ефикасната комуникација и серверската инфраструктура го намалуваат времето за соработка и го забрзуваат времето за настап на пазаот за компании за развој на софтвер. Нашите решенија го подобруваат протокот на податоци помеѓу глобално распределените инженерски тимови, зголемувајќи ја ефикасноста. Обезбедуваме VPN за сигурна повеќе-локациска поврзаност, приватни мрежи за изолирана комуникација, клауд сервери за скалабилно процесирање и висококвалитетна интернет врска. Нашите услуги ги користат водечки развојни компании со глобални операции во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други земји ширум светот.
Јавен сектор
Владините агенции, општините и другите институции во јавниот сектор треба да ги следат трендовите во ерата на рапидна дигитална трансформација. Решенијата на Interspace го помагаат ова преку обезбедување клауд услуги со disaster recovery за нивните операции да бидат достапни 24/7/365, приватни оптички врски и робусни VPN мрежи за сигурна и ефикасна меѓуагенциска комуникација, интернет од висока класа, дата центар колокација, онлајн видео платформа за подобра комуникација со граѓаните, и повеќе.
Производство
Производствениот и индустрискиот сектор се потпираат на податоци во реално време и робусни комуникациски мрежи за оптимизирање на производствените процеси и обезбедување оперативна ефикасност. Interspace обезбедува конекции со висок капацитет и ниска латенција, клауд услуги за скалабилни серверски ресурси, колокација во дата центар за безбедно опслужување на ИТ опрема и приватни етернет мрежи кои овозможуваат подобра автоматизација, далечинско мониторирање и анализа на податоци. Нашите решенија им помагаат на овие клиенти да ја зголемат продуктивноста, да го намалат времето на застој во производството и да ја одржат конкурентната предност во динамичкиот пазар.
Трговија и транспорт
Секторот за трговија и транспорт зависи од ефикасни комуникациски мрежи за следење на пратки, обезбедување навремени испораки, управување со трансакции, синџири на снабдување и интеракции со клиенти. Interspace обезбедува интернет од висока класа, сигурни VPN мрежи, клауд услуги за скалабилни деловни апликации, дедицирани клауд сервери за критични операции и приватни етернет мрежи кои овозможуваат беспрекорна размена на податоци, онлајн трговија и управување со инвентар во реално време. Нашите решенија им помагаат на трговските компании да останат конкурентни, да ги рационализираат операциите и да го подобрат искуството на клиентите.
Медиуми
Сектор за медиуми се потпира на сигурни мрежи со висока брзина за дистрибуција на содржина, соработка при изведба на заднички настани и управување со дигитални средства. Interspace обезбедува онлајн видео платформа за емитување на содржина во живо и video-on-demand, висококапацитетни и нисколатентни врски, клауд инфраструктура за дистрибуција на содржини на повеќе локации во светот и приватни етернет линии кои поддржуваат емитување во живо и видео продукција. Нашите решенија им помагаат на медиумските компании да ја подобрат квалитетот на продукцијата, да ги рационализираат работните процеси и да допрат до поширока публика на глобално ниво.
Образование
Образовните институции ги надградуваат системите за да ги подобрат процесите за предавања и да ги направат административните процеси по ефикасни. Решенијата на Interspace го поддржуваат ваквиот развој преку обезбедување робусни клауд услуги, сигурни VPN мрежи за безбеден пристап од далеку, Интернет од висока класа за беспрекорно онлајн учење и решенија за disaster recovery за сигурно складирање на значајни и сензитивни информации.
Здравство
Здравствените установи имаат потреба од сигурна врска со висока брзина за поддршка на грижата за пациентите, телемедицината и медицинските истражувања. Interspace задоволува овие потреби со обезбедување на јавни и приватни комуникациски мрежи кои базираат на сигурни и брзи конекции и робусни клауд услуги за безбедно складирање и обработка на податоци. Нашите решенија им помагаат на здравствените институции да ги рационализираат операциите и да ги следат модерните текови во медицината.
Енергија
Енергетскиот сектор бара сигурни и безбедни комуникациски мрежи за управување со критичната инфраструктура и овозможување на далечински операции. Решенијата на Interspace нудат брзи и стабилни конекции со кои се овозможува ефикасен пренос на податоци помеѓу контролните центри, електраните и теренските локации. Нашите сигурни VPN мрежи и приватни оптички линии обезбедуваат непрекината комуникација, поддржувајќи ја стабилноста и безбедноста на енергетските мрежи.
Дипломатски мисии
Дипломатските мисии бараат највисоко ниво на сигурност и доверливост за нивните комуникациски потреби. Interspace нуди прилагодени решенија кои обезбедуваат сигурен, енкриптиран и непрекинат пренос на податоци. Нашиот Интернет од висока класа, менаџираните оптички линии, клауд услугите за безбедно чување и процесирање на податоци им овозможуваат на амбасадите и конзулатите да одржуваат доверливи комуникации, да пристапуваат безбедно до глобални мрежи и да бидат поефективни во своите дипломатски активности.
 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам