Клауд ВПС во еластична инфраструктура
Неспоредлива големина на NVMe простор и сообраќај



Дедицирани
ресурси


ОС и апликации
за 1 мин


Disaster
recovery


Windows
Linux · BSD


Бекапи на
безбедно


Бесплатна клауд
приватна мрежа

Што е Еластичен Клауд ВПС? 
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи на инфраструктура изградена врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг. Виртуелната машина работи на кластери од редундантни хардверски ресурси, кои се простираат низ повеќе дата центри. Кога хардверот бара оддржување, виртуелните машини преминуваат на друга оперативна инфраструктура без било какви прекини.

Овој продукт нуди клауд сервери со многу висока достапност, исклучително брзо провизионирање, напредни опции за вмрежување, опции за враќање и заштита на податоци, енкрипција на дисковите и други предности со кои е спремен да поддржи апликации од следната генерација. Називот „Еластичен Клауд ВПС“ се користи исклучиво во екосистемот на Interspace и се однесува на продукт со споредливи карактеристики како оние на Amazon EC2 и Google Compute Engine. Прочитајте повеќе
 
Пакети и цени 
Делта ВПС
Линија на виртуелни приватни сервери во клауд за општи потреби, со непобедлив однос на цена со перформанси.
Оптимизирани ресурси на AMD EPYC процесори со високи перформанси, NVME дискови во RAID10 со директна локална врска, засебни конекции од 1 Gbit за Интернет пристап и приватна мрежа.
Идеални за најразлични проекти, како за е-комерција, email сервер, развој на софтвер, и повеќе.
Особено корисни за подобрување на перформансите на веб страната преку миграција од споделуван сервер.
ПакетvCPURAMПросторСерверска
локација
Месечен надомест
(без ДДВ 18%)
 
DL-A1011 GB10 GB NVMeМакедонија€ 3
DL-A1112 GB20 GB NVMeМакедонија€ 3.9
DL-A2122 GB40 GB NVMeМакедонија€ 4.6
DL-A2224 GB40 GB NVMeМакедонија€ 5.8
DL-A3134 GB80 GB NVMeМакедонија€ 8.4
DL-A2328 GB80 GB NVMeМакедонија€ 10.9
DL-A4248 GB160 GB NVMeМакедонија€ 15.6
DL-A43416 GB160 GB NVMeМакедонија€ 19.9
DL-A81816 GB240 GB NVMeМакедонија€ 29.4
DL-A82832 GB240 GB NVMeМакедонија€ 38.5
DL-A1611632 GB360 GB NVMeМакедонија€ 64.7
Нарачај Еластичен Клауд ВПС
  Назад кон листа на пакети
Дедициран ВПС
Линија на виртуелни приватни сервери во клауд од највисока класа, со извонредна вредност за вашата инвестиција.
Дедицирани јадра на AMD EPYC процесори од новата генерација со многу високи перформанси. Висока класа на NVME дискови во RAID10 со многу брза директна локална врска, засебни конекции од 2 Gbit за Интернет пристап и 1 Gbit за приватна мрежа.
Извонредни за апликации со интензивни потреби од CPU, меморија и IO операции, како што се многу посетени веб страни, ERP, CRM, апликации што се користат многу интензивно или обемни операции во податочни бази.
Дизајнирани за бизниси кои бараат врвно ниво на процесирачка моќ, ефикасност и стабилност.
ПакетvCPURAMПросторСерверска
локација
Месечен надомест
(без ДДВ 18%)
 
DC-C2128 GB80 GB NVMeМакедонија€ 14
DC-C41416 GB160 GB NVMeМакедонија€ 28
DC-C81832 GB240 GB NVMeМакедонија€ 55
DC-C83832 GB960 GB NVMeМакедонија€ 78
DC-C1611664 GB360 GB NVMeМакедонија€ 107
DC-C1621664 GB960 GB NVMeМакедонија€ 125
DC-C1641664 GB1920 GB NVMeМакедонија€ 155
DC-C32132128 GB600 GB NVMeМакедонија€ 210
DC-C32232128 GB960 GB NVMeМакедонија€ 221
DC-C32332128 GB1920 GB NVMeМакедонија€ 251
DC-C32432128 GB2880 GB NVMeМакедонија€ 281
DC-C32532128 GB3840 GB NVMeМакедонија€ 311
DC-C48148192 GB960 GB NVMeМакедонија€ 316
DC-C48248192 GB1920 GB NVMeМакедонија€ 346
DC-C48348192 GB2880 GB NVMeМакедонија€ 376
DC-C48448192 GB3840 GB NVMeМакедонија€ 406
DC-C48548192 GB4800 GB NVMeМакедонија€ 436
DC-C48648192 GB5760 GB NVMeМакедонија€ 466
Нарачај Еластичен Клауд ВПС
  Назад кон листа на пакети
 Започнете со InterspaceПриклучете се за да истражите за клауд серверитe и можностите на Interspace клауд
 
Предности на Interspace Cloud 
Репликација претставува процес на постојано креирање идентичен standby виртуелен сервер (наречен реплика) од примарниот виртуелен сервер во друг дата центар оддалечен најмалку 100 км. Се активира со еден клик, потоа вие не правите никакви активности, во позадина системот автоматски ги извршува сите комплексни операции.

Во случај на катастрофален инцидент во примарниот дата центар, репликата може да биде стартувана и да работи од disaster recovery дата центарот, без да има потреба од подготовка на нови сервери и сродна инфраструктура, како и ресторирање од резервни копии (ако воопшто сте направиле копии). Прочитајте повеќе
Interspace Клауд приватна мрежа е Layer 2 етернет мрежа, изолирана и дедицирана само за една организација. Во оваа мрежа, вашите виртуелни приватни сервери, дедицирани сервери, метро етернет точки и други системи во клаудот можат да комуницираат директно и бесплатно преку приватни IP адреси. Вашите серверите кои нема потреба да се пристапуваат директно преку Интернет може да имаат само приватна IP адреса, како дата бази, околина за развој и други позадински сервиси. Прочитајте повеќе
Interspace Клауд нуди неколку технологии кои овозможуваат безбедни конекции до вашата Клауд приватна мрежа од надворешни мрежи како што е Интернетот.

  • Клауд VPN PointConnect овозможува индивидуални компјутери од каде било во светот безбедно да пристапaт до вашите сервери и други системи во клаудот, преку Интернет.
  • Клауд VPN MultiSite овозможува цели LAN мрежи на далечни канцеларии или филијали безбедно да се поврзат меѓусебe или да пристапат до вашата клауд приватна мрежа, од било каде во светот преку VPN рутери поврзани на Интернет.
  • Клауд метро етернет ги интегрира ЛАН мрежите на вашите физички канцеларии со вашата Клауд приватна мрежа, користејќи директни кабелски врски до вашите локации преку фибер оптичка мрежа која функционира независно од Интернетот.
  • Клауд NAT Gateway обезбедува NAT и port-forwarding функционалност, односно овозможува влезни/излезни конекции на Интернет за серверите кои имаат само приватни IP адреси. Прочитајте повеќе

Интернет пристапот во Interspace Клауд базира на нашата телеком мрежа од провајдерско ниво, со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност.

Interspace е телеком провајдер од прва класа, кој оперира со сопствен автономен систем во глобалната BGP мрежа и поседува опсежна фибер оптичка мрежа која се простира на повеќе од 3000 км. Нашата инфраструктура вклучува директни конекции со водечките глобални tier 1 мрежи и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме врски од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери. Прочитајте повеќе
Автоматските резервни копии (или Aвтоматски бекапи) се целосни копии од вашиот виртуелен сервер, кои обезбедуваат состојба до која може да се вратите во иднина. За разлика од Снапшотите кои се креираат рачно, Автоматските Резервни Копии се создаваат без потреба од интервенција.

Автоматските резервни копии се од суштинско значење во ситуации кога е потребно да се вратат во функција системите или да се направи поврат на стари податоци од зачувана копија од минатото. Дополнително, тие играат клучна улога во намалувањето на трошоците поврзaни со рачно правење на бекапи.

За разлика од типичните клауд услуги, во Interspace клауд Автоматските бекапи се извршуваат по распоред прилагоден од корисникот и се чуваат на безбедно, користејќи стратегија на два дата центри одвоени најмалку 100км. Прочитајте повеќе
Снапшоти претставуваат целосни копии од вашиот виртуелен сервер, кои обезбедуваат состојба до која може да се вратите во иднина. За разлика од автоматските резервни копии кои се извршуваат по распоред, Снапшотите се создаваат рачно со едноставен клик на копче.

Oсобено се корисни кога се прават надградби, тестирање на нови апликации или во било кои случаи кога е потребно да се вратат во функција системите или да се направи поврат на стари податоци од зачувана копија од минатото.

За разлика од стандардните снапшоти, Interspace Клауд Снапшотите претставуваат целосна копија на серверот и се чуваат на безбедно, користејќи стратегија на два дата центри одвоени најмалку 100км. Прочитајте повеќе
Како доверлив Microsoft Партнер, Interspace нуди бројни предности за клиентите, вклучувајќи пристапни цени за лиценци за софтвер на Microsoft и менаџирани услуги за поддршка за безпрекорна интеграција на вашите системи со екстензивниот Microsoft екосистем.

Искористете го нашето партнерство со Microsoft за да ја помогнете иновативноста, ефикасноста и успехот во вашиот бизнис, преку користење на Microsoft технологии во нашата стабилна и моќна клауд платформа.
Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.
 
 

Инфраструктура на Дата Центри
Примарните дата центри на Interspace се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.

Каратеристики на дата центрите

  • Електричен систем
    Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
  • Систем за ладење
    Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
  • Заштита од пожар
    Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
  • Заштита од протекување и влага
    Автоматизиран систем за детекција протекување течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
  • Физичка заштита
    24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
  • Мрежна и кабелска инфраструктура
    Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
  • Про-активен мониторинг
    Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.

Пасија за најдобро

Највисока класа

Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

Најдобри цени

Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

Корисниците во преден план

Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

Водечки модел за SLA

SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

24/7/365

Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.

 
Препораки за клауд услуги 
Групацијата ОНЕ, вклучувајќи ги институциите ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце, ОНЕ Ауто и ОНЕ Рентал, е бизнис кој се гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Во нашето работење користиме клауд виртуелни сервери за различни апликации кои ги користат нашите вработени и клиенти.

Сите наши виртуелни сервери ги префрливме од Amazon Web Services (AWS) во Interspace. Тоа навистина ни помогна да се справиме со зголемените трошоци предизвикани од потребите за сервери со поголем капацитет. Едноставноста на веб панелот за управување, во комбинација со алатките за заштите на податоците на безбедна далечна (disaster recovery) и исклучителните перформанси на серверите, ни влева сигурност дека нашите бизнис процеси имаат стабилна ИТ инфраструктура.
PrimePoint Partners е водечка консултантска компанија за менаџмент во Западен Балкан, специјализирана за имплементација на програми за економски развојни програми со високо влијание, стратешко советување, бизнис развој и достап до финансии.

Ние ги користиме клауд виртуелните сервери на Interspace за нашиот обемен систем за документација, алатки за соработка и проект менаџмент, како и приватни online состаноци. Исто така, ја користиме клауд метро услугата на Interspace која ни овозможува да ги соединиме нашите канцеларии во Македонија (Скопје, Охрид) и Црна Гора (Подгорица) во една обединета канцелариска мрежа.

Стабилноста на нивните системи ни овозможува сервисите кои ги користиме да се постојано во функција. Нивната технологија за заштита на податоци ни овозможува да активираме disaster recovery како и дневни резервни копии со еден клик.

Нашето искуство со клауд услугите на Interspace е апсолутно позитивно. Interspace поседува високо ниво на професионализам што е од витално значење за сложените процеси кои ги спроведуваме и квалитетот на услуги кој го обезбедуваме на нашите клиенти.
Automotive AI Solutions развива врвна технологија за автопилот, со мисија да постави нови стандарди за безбедност и ефикасност во автомобилската индустрија. Одлучивме да преминеме на HPC Elastic Cloud VPS на Interspace кога нашиот проект бараше доверлив HPC компјутинг со подобрена поддршка за складирање, дизајниран за огромен проток на податоци со ниска латентност. Оваа одлука ни овозможи полесно нагорно скалирање без загуба на перформанси и поефикасно обучување на модели и изведување симулации.

Дополинтелно, Cloud VPN Multisite услугата му овозможува на нашиот тим да остане поврзан со дневен трансфер на податоци и безбеден пристап до ресурсите за компјутинг. Оваа беспрекорна поврзаност значително ги забрза нашите процеси, овозможувајќи ни да иновираме и итерираме за пократко време.

Посветеноста на Interspace кон висока достапност и брза имплементација ни даде самодоверба да ги поместиме границите на она што е можно во светот на автомобилската вештачка интелигенција.
Македонската радио телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис, кој има повеќе од 700 вработени и соработници кои секојдневно работат на производство и емитување на радио и ТВ програми од сите жанрови.

МРТ ја користи клауд и онлајн видео платформата на Interspace за нашите сервиси за прикажување онлајн содржини во живо и on-demand. Клауд решението вклучува сервери што се протегаат на 3 континента, со архитектура за приказ на содржина по најниска латенција врз основа на геолокација на посетителите и автоматска репликација за заштита на податоците.

Стотици илјади видеа, како и 12 ТВ и радио канали, беспрекорно се стримуваат преку клауд сервери на Interspace. Содржините се прикажуваат со највисок квалитет, без разлика од каде се поврзуваат гледачите и каков е квалитетот на нивната Интернет конекција.

Interspace платформата автоматски ги прави сите работи во позадина, вклучувајќи енкодирање во повеќе резолуции и дистрибуција на истата содржината од повеќе сервери, овозможувајќи на нашите сервиси беспрекорно да стримуваат содржина до илјадници истовремени гледачи. Нашите администратори се многу задоволни од тоа колку е платформата едноставна за користење, а сепак обезбедува толку сложени процеси во позадина.
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е највисока национална научно-творечка установа основана во 1967 год. МАНУ има издадено илјадници научни трудови од сите сфери на науката и уметностите.

За потребите за напредна дигитализација и заштита на електронските бази на податоци, во 2017 година МАНУ ја избра клауд платформата на Interspace. До денес остануваме клиенти на Interspace бидејќи имаме само позитивно искуство, особено со стабилноста на системите, неверојатната техничка поддршка и едноставните веб алатки за управување.
Препораки за комуникациски услуги 
Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата.

Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка!
Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг.

Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга.
Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици.

Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа.
Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност.

Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.
New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби.

Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.
Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел.

Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет.
ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.
 


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам