За нас
Долгорочна доверба и стабилност

 

Interspace е провајдер на комуникациски, клауд и хостинг услуги од бизнис класа, кои се доставуваат исклучиво преку системи од највисок квалитет. Нашиот примарен фокус е следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилни, сигурни и првокласни услуги на компании и провајдери, насекаде во светот. Водечки бизниси ја поставија својата долгорочна доверба во нашите робусни и модерни технологии, кои се спремни да опслужат системи од критична важност за бизнисот.

Искуството на телекомуникацискиот пазар датира од пред Интернет ерата, кога во 1994 година се стартуваше dial-up базирана комуникациска платформа, која на корисниците им овозможуваше пристап и размена на апликации, новости и пораки. Денес, Interspace оперира со глобална cloud инфраструктура со дистрибуирани ИТ системи во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија. Телекомуникациските услуги се обезбедуваат преку голема оптичка мрежа во Македонија, во сопственост на Interspace, која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет.

Глобално ИТ присуство

Европа

Македонија

Холандија

Франција

Велика Британија

Австрија

Германија

Бугарија

Азија

Јапонија

Сингапур

Океанија

Австралија

Северна Америка

САД

Канада

Сертификати

ISO 27001 сертификат кој потврдува дека нашиот систем за менаџмент со информатичка безбедност исполнува строги интернационални стандарди за информатичката безбедност и соодветна заштита на податоци.
ISO 20000-1 сертификат кој потврдува дека поседуваме интегриран склоп на управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
ISO 22301 сертификат дека нашите системи за деловен континуитет нудат безбедност и издржливост на бизнисот да продолжи со работа во случај на инцидент или катастрофа.
ISO 9001 сертификат кој потврдува дека нашиот систем за менаџирање со квалитетот може континуирано да обезбедува производи и услуги кои ги исполнуваат барањата на потрошувачите и соодветните регулативи во телекомуникациската дејност.
ISO 14001 сертификат дека нашиот систем за управување со животна средина обезбедува високо ниво на одговорност и вредности за околината, организацијата и поврзани страни.
Лиценца од највисоко ниво А за проектирање на фибер оптичка инфраструктура, која означува дека инфраструктурата е дизајнирана според највисоките стандарди.

Мрежа

Нашата мрежна архитектура е дизајнирана да опслужува системи од критична важност за бизнисот, осигуравајќи максимален проток на пакетите, ниска латенција и повеќе степена редундантност за највисоко ниво на услуга. Мрежата е поврзана со повеќе глобални и регионални tier1/tier2 телекомски оператори, воспоставени преку заштитени и географски независни оптички патеки. Проверите ја оваа веб страна во која подетално се елаборирани напредните карактеристики на нашата првокласна мрежа.

Референци и успешни приказни

Имаме изобилство од успешни приказни и референци за долгорочни соработки со водечки македонски и глобални компании. Компании од различни индустрии и различна големина известуваат за зголемена ефикасност во работењето и помал ризик за деловниот континуитет, преку користење на нашата комуникациска платформа. Отворете ја страната за референци за повеќе детали.

Корисниците во преден план

Нашата врховна посветеност е да го одржуваме задоволството на клиентите на највисоко ниво. Тимовите за развој на производи и услуги се во тесна комуникација со водечки технолошки вендори, со цел да се дизајнираат најдобри производи и услуги. Од нашите клиенти бараме директни и постојани повратни информации со цел да ги унапредуваме решенијата со секоја следна инсталација - овие позитивни искуства потоа ги пренесуваме кон останатите корисници.

Мисија и визија

Нашата мисија е да дизајнираме најдобри информатички и комуникациски решенија, и да ги обезбедиме истите по најприфатливи услови.

Нашата визија е да постанеме глобален провајдер за информатички и комуникациски технологии наменети за деловни корисници, засновајќи го успехот на диманична соработка со клиентите за остварување взаемен деловен успех.






ПРЕПОРАКИ

  • Cosmic Development, Канада

    Cosmic Development е глобален провајдер на вештини, знаење и експертиза во ИТ индустријата. Ние сме партнери на Interspace со години наназад, и нивните услуги се ништо помалку од неверојатни за нас. Нашите интерни сервиси како и оние кои се насочени кон нашите клиенти работат стабилно, без ни најмали прекини на Интернетот. Неодамна комплетиравме целосна миграција на нашите канцеларии, и благодарејќи на Interspace, нивниот тим, нивната про-активност и деловниот пристап, имавме 0% пад на Интернет конекцијата. Нивната флексибилност и време на одзив се дефинитивно клучниот фактор за нашата соработка. Помеѓу нашите две канцеларии, во различни градови, Интернет конекцијата и сервисите постојано функционираат и нашите вработени се секогаш покриени. Јас упатувам висока препорака за Interspace кон секого, бидејќи сум повеќе од воодушевен од нашата соработка! Anthony Naumoff, генерален директор

  • Causeway Connect, Англија

    Causeway Connect е мулти дисциплинарен тим кој обезбедува услуги во 20 земји, во опсегот на развој на софтвер, техничка поддршка, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг. Како компанија која опслужува над 300 клиенти низ целиот свет, драго ни е што постои провајдерот Interspace кој има капацитет да ни обезбедува неколку Интернет конекции со конзистентна стабилност и доверливост. Посебно сме импресионирани од нивната посветеност на врвен квалитет и професионалност. Ефикасноста во испорака на услугата и техничката поддршка е уште една предност која заслужува да се спомне, посебно за оние кои бараат најдобра класа на Интернет услуга. David Jones, директор

  • Hi-Tech Corp., Македонија

    Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери. Јован Спасиќ, технички директор

  • Нептун, Македонија

    Нептун, кој е дел од Balfin групацијата, е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника во Македонија. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел. Нептун направи опсежно истражување на пазарот на телекомуникации и изврши тестирање на конекциите на поголемите провајдери, со цел да избере Интернет пристап со најдобри перформанси - ниска латенција кон хостови во Европа, САД и Азија, како и континуиран загарантиран проток на сообраќај. Нептун го избра Interspace кој ги помина тестовите со убедливо најдобри резултати. На наше задоволство, повеќе од 4 години Interspace ни ја испорачува услугата со постојано високо ниво на квалитет. Горан Казаковски, раководител на ИТ

  • Nexeon Technologies, САД

    Nexeon Technologies е глобален провајдер кој нуди целосно менаџирани ИТ инфраструктурни решенија, од персонални и бизнис хостинг услуги до виртуелни приватни серверски единици. Дедицираните сервери обезбедени како хостинг услуга од Interspace се многу важен дел од нашата глобална мрежа од сервери распределени на сите континенти. Оддушевени сме од континуираната и високо професионална техничка поддршка на Interspace, како и од нивната првокласна мрежа. Charles Wood, директор

  • New Moment, Македонија

    New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди. Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија. Јовица Живковиќ, технички директор

  • ВОРТЕКС ЕД, Македонија

    ВОРТЕКС е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови. Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност. Владимир Стоименов, управител

  • ЈСП, Македонија

    Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз. Ненад Кузмановски, директор на ИТ

  •  Повеќе

Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Услови за користење и политика на приватност.    Разбирам