Онлајн видео платформа
Направете повеќекратно зголемување на вашата публика

 

Со неколку клика, создадете сопствен видео портал од врвно ниво за споделување видеа и пренесување ТВ програма во живо до публика насекаде во светот. Досега екслузивно за водечки странски ТВ куќи и гиганти од типот на Youtube, сега на ваш дофат за мал дел од цените на светскиот пазар.

Платформата нуди едноставен корисничи интерфејс за поставување и менаџирање на видеа, кои веднаш се достапни на брендиран веб портал под ваш сопствен домен. На порталот веќе ќе имате интегрирани алатки за пребарување на видеа, приказ на најпопуларни и најнови видеа и сл. Преку опцијата за ембедување, можете видео содржините да ги интегрирате како веб сегмент во вашиот постоечки веб сајт.

Во позадина, платформата базира на наша глобална cloud инфраструктура од стриминг сервери и енкодери распостранети на сите континенти, контролирани од софтвер од наша изработка со високо оптимизиран c/c++ код, кој овозможуваат видеата да се прикажуваат во висок квалитет на многу гледачи истовремено.

Преку кориснички панел можете лесно да поставувате мултимедијални рекламни пораки кои се појавуваат на екранот во одредени временски интервали. На ваков начин, имате целосна контрола на заработката по основ на реклами, без притоа трети страни да ве ограничуваат со политки за распределба на профит и правила за дозволена содржина.

Предности на нашето решение

Инстантно направете видео портал под ваш бренд од рангот на големи светски ТВ куќи.
Стриминг на илјадници гледачи во исто време преку глобална инфраструктура која е под наш постојан мониторинг и надоградби.
Избегнете големи инвестиции за развој на софтвер и стриминг инфраструктурата, како и за безпрекорна интеграција и редовно одржување на сите елементи од системот.
Интегрирани алатки за пребарување на видеа, приказ на најпопуларни/најнови видеа и сл.
Заработете 100% од цената за прикажување на рекламни содржини кои може да се појавуваат на видеата.
Детекција на брзината на Интернет пристап на гледачот, со цел автоматски да се избере верзија на видео која може течно да се прикажува.
Технологија за стриминг која автоматски се адаптира и менува со цел видеото да може да се гледа на различни уреди и вендори (смарт телефони, таблети и десктоп системи).

Побарајте информации

Кликнете овде за бесплатно да добиете повеќе детали за оваа технологија. Нашиот продажен тим е на ваше целосно располагање за дефинирање решенија и сугестии за да направите најдобра одлука.


ПРЕПОРАКИ

Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.

Jovan Spasik, CTO
Hi-Tech Corp.

Hi-Tech Corp. е лидер во источна Европа за технологии од областа на принтани електрични плочи.


Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.

Jovica Zivkovic, технички директор
New Moment

New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди.


Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.

Владимир Стоименов, управител
ВОРТЕКС ЕД

ВОРТЕКС ЕД е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови.


Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз.

Ненад Кузмановски, директор на ИТ
ЈСП Скопје

ЈСП Скопје е најголемата компанија за јавен превоз во Македонија, основана во 1948 год.


Македонија2025 е презадоволна од долгорочното партнерство кое го остваривме со Interspace. Тимот на Interspace е високо професионален, многу брзо реагира на нашите потреби и е целосно посветен да ни го понуди најдоброто решение во најкраток можен рок. Ние сме глобална невладина организација која одржува секојдневна комуникација со членовите и поддржувачите од целиот свет. Имајќи во предвид дека најголем дел од нашите активности се одвиваат онлине, од исклучителна важност ни е високо квалитетна и стабилна комуникација со сите земји – нешто што Interspace како компанија е целосно споснобна да ни го овозможи. Најдоброто од се е тоа што вредноста што ја добиваме за цената е неспоредлива со ниту една понуда на пазарот.

Билјана Марковиќ, извршен директор
Македонија2025

Македонија2025 е водечка глобална организација за промоција на економскиот развој на Македонија.