Веб хостинг во клауд
Веб хостинг на системи од премиум класа со disaster recovery заштита



Моќни
сервери


Дедицирана
ИП адреса


Конекција од
висока класа


Disaster
recovery


Бекапи на
безбедно


SSL
сертификат

Пакети и цени 
Веб смарт пакети
Веб смарт пакетите нудат моќни веб хостинг сервиси, но не вклучуваат email сметки. Со елиминирање на трошоците за оперирање на mail сервер, можеме да алоцираме повеќе ресурси за веб функционалности, овозможувајќи ви да добиете најдобра вредност за вашите пари.
Идеални за клиенти кои сакаат максимизација на веб сервисите така што кај нас ќе платат само за веб функционалностите, a ќе корисат бесплатни или комерцијални email сметки од друг провајдер (пр. Google/Gmail или Microsoft/Outlook).
ПакетДомениПросторМесечен надомест (без ДДВ 18%)
за наплата на 3 год
 
Веб смарт 115 GB NVMe€ 1.9
Веб смарт 5515 GB NVMe€ 3
Веб смарт 101030 GB NVMe€ 5
Веб смарт 202050 GB NVMe€ 8
Нарачај веб хостинг
  Назад кон листа на пакети
 
Сите карактеристики
Веб смарт пакети
Карактеристика Веб смарт 1 Веб смарт 5 Веб смарт 10 Веб смарт 20
cPanel™ администрација
Емаил сметки
Дедицирана IP адреса + €2/месец
Бази (MySQL/PostgreSQL) 5 10 20 40
FTP/FTPS сметки Неограничено
Алатки за девелопери PHP 5.5/5.6/7.x,8.x, Perl, Python, custom CGI scripts
ССЛ сертификат со автоматизација
Бесплатна миграција доколку технологиите се компатибилни
 
Предности на Interspace веб хостингот 
Нашиот веб хостинг базира исклучиво на највисока класа на опрема бидејќи примарно опслужуваме системи за операции од критична важност за бизнисот. Веб серверите користат AMD EPYC процесори од новата генерација , ултра брзи NVMe дискови од највисока класа со 750000 IOPS во локален RAID10, 3200Mhz ECC Reg меморија и Интернет конекција од висока класа.

Дисковите се зајакнати со TLER, заштита од вибрации и други технологии кои обезбедуваат сигурна 24x7 функционалност и високи перформанси, стабилност и долготрајност.

Се користи Error Correcting Code (ECC) registered RAM кој е профисонален тип на RAM со многу подобра стабилност и доверливост во однос на регуларниот. Овој тип на RAM е задолжителен за апликации од критична важност на бизнисот, како mail сервер, чување важни податоци, ERP софтвер, комерцијална веб страна, итн.

Оперативниот систем и пропратните сервиси кои овозможуваат веб хостингот да биде оперативен се под постојан проактивен мониторинг и одржување, што резултира во извонредна стабилност на системите.
Interspace е телеком провајдер и една од нашите главни услуги е обезбедување Интернет од највисока класа. Корисниците на Вашите услуги ќе имаат добивка од ова, бидејќи без разлика каде се лоцирани тие ќе имаат брз пристап до Вашата веб страна преку нашaта мрежа дизајнирана за најквалитетни конекции.

Од глобалните провајдери ги истакнуваме директните врски со Lumen (ex CenturyLink/Level3) и Arelion (ex TeliaCarrier) кои се на првите две места на глобалната ранг листа asrank.caida.org, и Hurricane Electric кој е во топ 5. Со овие врски, веб серверите влегуваат директно во јадрото на Интернет мрежата преку само еден провајдерски рутер.

Имаме директни врски со повеќе регионални и локални провајдери, како и со специјализирани провајдери, вклучувајќи ги Google, Cloudflare, Amazon и Facebook. Присутни сме во Интернет менувачници, како во европската менувачница DATAIX, македонската менувачница IXP.MK и бугарската менувачница BIX, преку кои се поврзуваме со голем број на Интернет и хостинг провајдери. Овие врски обезбедуваат значително подобар проток и латенција, бидејќи сообраќајот се рутира директно наместо преку глобални провајдери.

Поседуваме сопствена регионална мрежа која функционира во редундантна топологија, со два поголеми прстени на релација Македонија - Бугарија - Србија - Словенија - Хрватска - Босна - Црна Гора - Косово - Македонија и Македонија - Грција - Бугарија - Македонија. Имаме три поголеми точки со рутирачка опрема надвор од Македонија во дата центри во Белград, Софија и Атина. Преку оваа мрежа се поврзуваме со наведените провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Поврзувањето е преку повеќе гео независни супер брзи линкови кои базираат на DWDM технологија која овозможува најниска латенција и највисок квалитет за проток.
Серверот на кој се хостира Вашата страна, со сите податоци во него, е заштитен со репликација, која претставува процес на постојано креирање идентичен standby сервер (наречен реплика) од примарниот сервер во друг дата центар оддалечен најмалку 100 км.

Репликата и примарниот сервер се синхронизираат со постојан трансфер на податоци помеѓу нив. Трансферот се одвива преку географски независни врски со ултра висока брзина (Nx100 Gbps), овозможувајќи создавање реплика во реално време дури и кога примарниот серверот обавува интензивни операции на супер брзи NVMe SSD дискови, како и во случај на испад на една од независните врски.

Во случај на катастрофален инцидент во примарниот дата центар, репликата може да биде стартувана и да работи од disaster recovery дата центарот, без да има потреба од подготовка на нови сервери и сродна инфраструктура, како и ресторирање од резервни копии.

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање: Највисоко ниво на акредитација за проектирање на фибер оптичка инфраструктура.
Автоматски резервни копии претставуваат целосни копии на веб хостинг сметката, вклучувајќи ги сите фајлови, податочни бази и пораки, кои се прават еднаш во денот, од понеделник до петок. Постојано ги чуваме последните 5 копии. Сметката може да се поврати со некоја од зачуваните копии со еден клик.

Во веб хостингот на Interspace, резервните копии не се чуваат во рамки на истиот дата центар, туку во дата центар оддалечен најмалку 100 км. За дополнителна заштита, копиите се чуваат на RAID дуплициран простор.
Во нашите веб хостинг пакети, автоматски ќе биде набавен и инсталиран 256-битен domain-validated ССЛ сертификат од Comodo за вашиот домен, без дополнителни надоместоци. Кога сертификатот ќе истече, нов сертификат автоматски ќе биде набавен и инсталиран, повторно без дополнителни надоместоци.

ССЛ сертификатот го опфаќа примарниот домен како и add-on i под-домените. Преку оваа опција, нема веќе да плаќате за сертификат и да мозгате како правилно да се инсталира/обнови истиот со цел да ги заштите вашите веб страни со ССЛ енкриптирана комуникација.

Забелешка: овој ССЛ сертификат базира на најновата SNI технологија и поради тоа нема да биде препознаен соодветно од многу стари системи. Поконкретно, посетителите кои сеуште користат Windows XP™ можно е да искусат безбедности напомени во врска со сертификатот кога ќе пристапуваат на ССЛ заштитетните страни.
 
 
ДАТА ЦЕНТАР ИНФРАСТРУКТУРА
Нашите дата центари базираат исклучиво на највисока класа на опрема од признаени вендори, бидејќи како основен бизнис опслужуваме системи со критично ниво на важност. Не користиме економичен хардвер или рачно склопени сервери.

Серверите се хостираат во наши дата центри, со што имаме целосна контрола за обезбедување на постојан квалитет и осигурување на достапност 24/7/365. Примарните дата центри се лоцирани во Скопје, а disaster recovery дата центарот е лоциран на безбедна далечина на 100км од Скопје.

Каратеристики на дата центрите
  • Електричен систем
    Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено редундантно напојување со (A+B) агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии.
  • Систем за ладење
    Редундантни системи за ладење од дата центар класа, кои одржуваат оптимална температура за да системите имаат максимални перформанси и доверливост. Изолација на ладен коридор, за зголемување на ефикасноста на ладењето со насочување на студениот воздух таму каде што е најпотребен.
  • Заштита од пожар
    Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган.
  • Заштита од протекување и влага
    Автоматизиран систем за детекција протекување течности во дата центарот. Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот.
  • Физичка заштита
    24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот.
  • Мрежна и кабелска инфраструктура
    Mрежна инфраструктура од последна генерација со терабитен капацитет. Повеќе целосно одвоени влезови за оптички кабли во комлексот и во самиот дата центар.
  • Про-активен мониторинг
    Сеопфатен мониторинг кој ги покрива сите аспекти на инфраструктурата, вклучувајќи сервери, мрежни уреди и конекции, системи за ладење, електрични системи и други елементи. Внатре во самите уреди мониторираме процесори, дискови, вентилатори, температура, напојувања, јачина на оптички сигнал и многу други компоненти. Ова ниво на мониторинг ни овозможува брзо да детектираме и решиме проблеми кои можат да настанат, пред да ги афектираат корисниците.
ПАСИЈА ДА СЕ РАБОТИ НАЈДОБРО
  • Највисока класа

    Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.

  • Најдобри цени

    Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.

  • Корисниците во преден план

    Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.

  • Водечки модел за SLA

    SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.

  • 24/7/365

    Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.

  • Во 2020-2022 Interspace имплементираше проект за иновативни дата центар технологии. Проектот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

 
Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам